за

Две легенди на Seat на историско рели: Ibiza Kit Car, Ibiza Bimotor

seat ibiza kit car
seat ibiza kit car

Seat го потврди повторното учество на рели-фестивалот Ајфел, кој се одржува меѓу 18-ти и 20-ти јули во Германија. На ова рели со историски автомобили ќе се појават две ѕвезди на шпанската марка, Seat Ibiza Kit Car и Ibiza Bimotor.

Seat ќе учествува и годинава на релито со историски автомобили во Германија. На рели-фестивалот во Ајфел ќе возат Ibiza Kit Car и Ibiza Bimotor. Напред и назад во „Bimotor“ работат 1,5-литарски четирицилиндарци, кои заеднички произведуваат 280 КС. Преносот на сила се врши преку два посебни менувачи со пет степени и два диференцијали со блокада.

New item by Automedia MK / Google Photos

Подеднакво ќе биде впечатливо и појавувањето на Ibiza Kit Car. Под хаубата на автомобилот тежок 950 килограми работи 2,0-литарски четирицилиндарец, со моќност од 260 КС, којашто е постигната класично, преку режим на високи вртежи. Љублителите на мотоспортот ќе се присетат дека Kit Car трипати по ред победуваше во периодот меѓу 1996 и 1998 година, освојувајќи го светското првенство во категоријата на мотори до два литри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Seat Ibiza Bimotor ќе ја управува Хозе Мариа Сервиа, кој има голема заслуга за развојот и конструирањето на овој рели-прототип со два мотори. Тој го освојуваше второто место во шпанското првенство во рели во 1986 и 1987 година. Зад воланот на Ibiza Kit Car ќе седи Ервин Вебер, европски првак во рели од 1992 година.

Шпанската марка располага со збирка од околу 300 историски модели, вклучувајќи сериски автомобили, прототипи и тркачки возила од 69-годишната историја на Seat.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

киа финансирање шпаркасе 45

Моделите на Kia со нови можности за финансирање преку Шпаркасе

Maserati China Grand Tour

Мaserati со тура од 10.000 km низ Кина во чест на јубилејот