Големите салони на автомобили порано беа големи поради необичните концепти и поради премиерите на сериски модели што јавноста ги немаше видено претходно. Овие три концепти на групацијата Fiat предизвикуваа одушевување и многу нагаѓања околу тоа што требаше да следи од нив: Alfa Romeo Proteo, Fiat Scia, Lancia Diagolos.
Автомобилскиот свет до последната деценија од минатиот век буквално живееше од салон до салон. За разлика од денес, само малку се знаеше за новитетите и тоа што доживуваше премиера на салоните одекнуваше како бомба. Точно од тие времиња потекнуваат овие три концептни автомобили, од мајсторот на спектаклите под рефлекторите на автомобилските салони, концернот Fiat.
Alfa Romeo Protéo е двосед со стаклен покрив, кој може целосно да се смести зад седиштата и купето да се претвори во расен „spider“. Името не беше случајно. Протеј е грчки бог на морето, кој е способен да се видоизменува.
https://photos.app.goo.gl/t34GU89BNM9KXFaV7
Премиерата беше во Женева во 1991 година. Како основа послужи скусена платформа од Alfa Romeo 164. Моторот беше легендарниот трилитарски V6, со моќност зголемена на 260 КС. Технички хит тогаш беа управувањето на сите тркала и електричното дотерување на амортизерите. Погонот на сите тркала, исто така.
https://photos.app.goo.gl/wTfH7Knb3ZTG6NZ56
Неколку детали од дизајнот на Proteo се најдоа кај Alfa Romeo Spider и Alfa Romeo GTV од серијата 916. Извесно време во понуда беше посебно сјајната металик боја на концептот, наречена Proteo Rosso.
Италијанските марки ја развеселуваа сцената, но „здодевните“ марки продаваа повеќе
Fiat Scia е отворен двосед на шасија на Punto. Нема покрив, а внатрешноста е отпорна на вода. Формата на каросеријата на концептниот автомобил од салонот во Торино во 1993 година потсеќа на глисер. Од Scia подоцна произлезе Fiat Barchetta – во превод „кајче“.
https://photos.app.goo.gl/yvmAoXwFXnpVR7TW6
https://photos.app.goo.gl/ebA5Zs2wWf96kdLc7
Lancia Dialogos се појави во 1998 година на салонот во Торино. Формите само делумно се појавија во серискиот автомобил со име Thesis, но и тоа беше доволно за престижната лимузина да се двои како ден од ноќ во уличната слика. Посебност беа и биодинамичкиот ентериер, кој со напредна технологија, скапи материјали и органски форми имаше цел да направи патувањето да биде колку може поудобно.
https://photos.app.goo.gl/hJP5PtAwX3v2KMA58
https://photos.app.goo.gl/SAFeFEoQWyE9tbZ67
Концептниот автомобил прикажа свежо толкување на традиционалниот дизајн на Lancia. Карактеристични се високата маска, долгата хауба и заоблените линии. Каросеријата се подигнува и спушта, вратите се отвораат спротивно една од друга и нема столб меѓу нив, а предните седишта се завртуваат нанадвор. Вратите се отвораа со електромотор, воланот можеше да се помести пред совозачот.
https://photos.app.goo.gl/dR22uHVfnPdc4qRT7
Многу детали беа мошне напредни за тоа време, а дел од нив уште се најавуваат како новитети за следните моделски генерации кај голем број производители.
















