за

Седум децении стар Superb OHV е нова ѕвезда во музејот на Skoda

skoda superb ohv muzej
skoda superb ohv muzej

Три години траеше реставрацијата на луксузната лимузина што сега е изложена во музејот на Skoda во Млада Болеслав. Од Skoda Superb OHV од повоената серија се изработени само 158 примероци.

Моделското име Superb постои во Skoda уште од 1930-те години. Врвот на овие моделска серија со шестцилиндарски мотори е изведбата Superb OHV од повоената серија, произведена во 158 примероци меѓу 1946 и 1949 година. Еден од овие примероци мина тригодишна реставрација и сега има средишно место во фабричкиот музеј во Млада Болеслав.

Првиот автомобил под ова моделско име е Superb 640, претставен во октомври 1934 година. Со централна цевна рамка, независно водење на сите тркала, хидраулични сопирачки и шестцилиндарец, Superb поседува мошне напредна конструкција за тоа време. Моторот од 2,5 литри ослободува 55 КС.

New item by Automedia MK / Google Photos

По околу 600 произведени возила со мотор со странично водење на вентилите, во 1938 година е претставен Superb 3000 OHV, со брегасто вратило во глава. Моторот со зафатнина од 3,2 литри ослободува 85 КС. До 1939 година се изработуваат само 113 примероци.

Готовите шасии на Superb од фабриката во Млада Болеслав потоа патуваат за Квасини, заради монтажа на каросеријата

По војната, производството на Superb OHV продолжува и, меѓу 1946 и 1949 година, во Млада Болеслав се изработуваат 158 возила. Само единаесет од нив имаат оригинална каросерија од Skoda, којашто тогаш се изработува во фабриката во Квасини.

Автомобилот бил испорачан на 2-ри септември 1948 година, како службено возило за управата на хотелскиот компекс во Карлови Вари. Skoda Superb OHV бил на служба таму цели дваесет години. Потоа фабриката го купува возилото и го сместува во својата музејска збирка. Во 2017 година доаѓа редот возилото да се врати во првобитната состојба. Проблем е тоа што недостигаат многу делови и облогите на седиштата се сменети. Затоа трае долго и реставрацијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa romeo proteo

Од овие три концепти од 1990-те излегоа GTV, Barchetta, Thesis

ford mustang bullitt

Ford Mustang Bullitt во „продолжена“ ограничена серија