Ford Mustang Bullitt во „продолжена“ ограничена серија

ford mustang bullitt
ford mustang bullitt

Специјалната серија од Ford Mustang во чест на половина век од филмот „Булит“ се распродаде буквално за миг. За да излезе во пресрет на големата побадувачка, Ford повторно ја става на располагање специјалната серија Bullitt, со петлитарски V8 и со цена што е незамислива за сличен автомобил од европско производство.

Специјалната серија Ford Mustang Bullitt, со којашто беше одбележана 50-годишнината од легендарниот филм со Стив Меквин, повторно е достапна. Под хаубата на Bullitt работи засилен петлитарски V8, со „отворен“ вшмукувачки тракт, придушница од 87 милиметри и калибрација на контролната единица преземена од Shelby Mustang GT 350. Резултатот се 459 КС и вртежен момент од 526 њутнметри.

https://photos.app.goo.gl/fJMifRpR4cRbCxKC8

Моделот е достапен со црна или темнозелена боја на каросеријата, со бандажи од 19 инчи и црвени сопирачки клешти Brembo. Пред возачот се наоѓа дисплеј од 12 инчи, во замена за класични инструменти. Седиштата се Recaro, со штепови во боја на каросеријата. Секој произведен примерок ќе поседува плочка со серискиот број, на местото пред совозачот кадешто обично се наоѓа амблемот на Mustang.

Цената за пазарот во Велика Британија изнесува 48.210 фунти.

Претходна објаваСедум децении стар Superb OHV е нова ѕвезда во музејот на Skoda
Следна објаваJimny Gan, Vitara Katana: Нема шега со овие модели на Suzuki

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here