Две моделски изведби на Suzuki беа претставени на авто-салонот на отворено во Торино. Vitara Katana го доби прекарот по прочуениот мотоцикл од 1980-те чијшто култ продолжува со Katana Jindachi, додека Jimny Gan го нагласува непобедливиот дух на мини-теренецот.
Suzuki учествува на салонот во Парко Валентино, во Торино, уште од првата година на одржување на овој спектакл под отворено небо. Покрај локалните ѕверките од регионот на Пиемонте, кадешто со децении опстојуваат најдобрите „одгледувачници“ на спортски автомобили, потребно е да се прикаже нешто посебно, за публиката да го забележи тоа. За Suzuki и за неговите експерти во Хамамацу, тоа не е проблем.
https://photos.app.goo.gl/hGH2a5JKyNieFWwPA
Штандот на Suzuki е инспириран од Katana, мотоцикл што во 1980-те го смени начинот на којшто се конструираа спортските модели. Покрај оригиналниот модел се присутни Jimny Gan и Vitara Katana.
По дефиниција, катана е толку моќно оружје што може да ја добие војната без да влегува во директно соочување; Особено остар меч на самураите, кој ги обединува трите концепти на филозофијата што ја претставува: Кивами (исклучителност), Хагане (ковано совршенство) и Киру (завршниот рез).
https://photos.app.goo.gl/zd2jFwwW16u37EkdA
Jimny Gan е подготвен кај специјалистот за теренски преработки, Zanfi. Каросеријата е подигната за 100 милиметри, за што секако се користени нови пружини, амортизери, панард-лостови и водилки. Растојанието од подлогата изнесува 310 милиметри.
https://photos.app.goo.gl/8yzqE4fwSDFREqL77
Специјалитет на Zanfi е можноста за откачување на стабилизаторите, што е корисно за екстремни пречки. Полуоските се зајакнати, а диференцијалите имаат дополнителна заштита. Бандажите легнуваат на дистанцијали соп дебелина од 30 милиметри. Гумите имаат димензија 235/75, со „балонски“ профил.
На хаубата се наоѓаат еластични кабли за прицврстување товар. Заштитата од удари во подвозјето е изведена во антрацит боја, исто како и бандажите. Внатрешноста е обложена со скапа алкантара, со изведби на деталите какви што може да се очекуваат од италијанските специјалисти.
https://photos.app.goo.gl/iu2AycZqkAidjTpR7
Следниот хит-модел на Suzuki што се појавува во Парко Валентино е Vitara Katana. Моторот е 1,4-литарски турбо со 140 КС, во комбинација со погон на сите тркала AllGrip. Компактниот СУВ се појавува со двобојна каросерија, со лондонска-сива основа и црн покрив.
Додатоците во маската даваат лут изглед на Vitara, исто како и рамките околу дневните светла, во двата случаи во црна боја. Црвен нагласок во предниот браник, странично под хаубата и назад внесуваат повеќе динамика во силуетата. Заштитата на праговите и задниот спојлер се во иста боја со покривот.
https://photos.app.goo.gl/5FC3ELfzAj7HmSrF8
https://photos.app.goo.gl/71y8dARnib4F6La8A
https://photos.app.goo.gl/EfHehu9zn9FKARVE6
https://photos.app.goo.gl/3bydHtSirWkDZG2N8
https://photos.app.goo.gl/fgj4tJeHyPrU2YfSA
https://photos.app.goo.gl/k9XRBx9Ji7mWW9Hp6
https://photos.app.goo.gl/s37s5dCTXrAnjAyH7
https://photos.app.goo.gl/QdEjF6rCNrMQgdVN9
https://photos.app.goo.gl/T5a77TWiogWz42go8
https://photos.app.goo.gl/j5cRhgrAUm1MMWhc9
https://photos.app.goo.gl/yRo3QHK6woc7wWK5A
https://photos.app.goo.gl/sSUAAK79fEhsU4ZF7
https://photos.app.goo.gl/J1WWgak5KvNG6Cn49
















