Пет генерации на Supra во музејот на Toyota во Келн

Toyota Supra 5 генерации
Toyota Supra 5 генерации

Фанови на култното спортско купе на Toyota од повеќе држави пристигнаа во Келн, да го одбележат денот на Supra пред музејот на јапонската марка. Сите генерации на број, но и неколку изненадувања.

Тоа што прво беше најголема приватна колекција на Toyota во Европа, за потоа да се најде под надлежност на Toyota и да се преименува во денешното Toyota Collection, повторно го привлече вниманието на фановите на јапонската марка. Поточно, на еден модел што е меѓу нејзините најголеми гордости. Во музејот на Toyota во германскиот град Келн се одржа „Ден на Supra.

https://photos.app.goo.gl/f5Mg8My3NiRgUUAP6

Како што се очекува од секогаш организираните Германци, за собирот беа обезбедени примероци од сите пет генерации на спортската икона на Toyota од минатите четири децении. Од стартот на првата генерација во 1978 година, продукцијата во првите четири генерации достигна близу 600.000 примероци. Причина за историскиот собир секако беше новата генерација под фабричка ознака A90, од која што пет примероци се најдоа меѓу публкиката.

Присуство на повеќе национални клубови на љубители на Supra, врвни инженери и менаџери на Toyota, разговори со експерти…

Имаше простор и за изненадувања. Во историјата на спортските модели на Toyota постојат и такви што се покажале неодоливи и за автомобилски сладокусец од ковот на Џејмс Бонд. Toyota 2000 GT од 1967 година беше силен магнет за публиката. Дизајнерите од центарот на Toyota во Ница/Франција испратија модел во размер 1:2, со делови изработени со 3D-печатење.

https://photos.app.goo.gl/2rokGxSKK2Hr9oYD9

Покрај 70-те историски модели од редовната музејска поставка, на настанот во Келн беа изложени и бројни тркачки болиди, констуирани и изработени во центарот за мотоспорт на Toyota во Марсдорф, место во близина на Келн.

Ваква беше атмосферата на „Денот на Supra“ во Toyota Collection

Следниот собир е најавен за 6-ти јули, кога се одржува денот на Toyota Celica. Во продолжение уште неколку моменти од собирот во чест на Supra.

https://photos.app.goo.gl/LCmwCgTqpHeFNscu9

https://photos.app.goo.gl/uBRSEzd6M3pqhDyTA

https://photos.app.goo.gl/UgMk2b8CR9s1NuuA7

https://photos.app.goo.gl/osvoWREHNqCStAj48

https://photos.app.goo.gl/ZUbt81Z4bNz9AxfX9

https://photos.app.goo.gl/ScoF6DMJJ1fnov7C7

https://photos.app.goo.gl/YjaZxwXoJU3MB7MD7

https://photos.app.goo.gl/VNRA5cxp6XZnhCxq6

https://photos.app.goo.gl/UYHg2a48L8hc3CQCA

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Водородни автомобили Toyota Mirai за Светскиот Олимписки Комитет

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Оваа лимузина е Toyota и за Lexus

 

Претходна објаваMcLaren GT поаѓа на летна турнеја низ 11 европски држави
Следна објаваPorsche 718 Cayman и Spyder првпат со „шестка“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here