Porsche 718 Cayman и Spyder првпат со „шестка“

Porsche 718 Cayman GT4 i Spyder
Porsche 718 Cayman GT4 i Spyder

Porsche Cayman и Boxster се повеќе од солидни спортски модели. Нивниот единствен лимит досега беше во тоа што се нудеа само со турбо четирицилиндарци. Тоа се смени.

Porsche Cayman и Boxster, двата со дополнителна бројчена ознака 718, беа мошне убедливи при пролетното гостување на германската спортска марка кај нас. Моќ не смее да недостига, исто како и желба за високи вртежи, а звукот со само една мала нишка потсеќа на Буба. Меѓутоа, во соништата за Porsche, моторот обично има два цилиндри повеќе отколку што досега се нудеше во гамата на купето и родстерот.

Porsche 718 Cayman GT4 и Spyder првпат со идентично подвозје и идентичен погон

Точно толку цилиндри на број имаат новите изведби 718 Cayman GT4 и 718 Spyder. Шестцилиндарскиот боксер дише природно, без тубонатполнење, и ослободува 420 КС. Купето повеќе е конструирано како возило за приватни тркачи и за кружни патеки, додека 718 Spyder го нуди задоволството динамиката во возењето да се почувствува директно преку ветрот што струи околу.

https://photos.app.goo.gl/pNt91i74Avzdcmc78

Главните преправки се во аеродинамичноста на каросеријата, во спортското подвозје и во соодветно димензионираните сопирачки дискови. Како што е ред, менувачот е мануелен, со шест степени.

Шестцилиндарецот има иста основа со актуелните мотори во 911 Carrera

Четирилитарскиот боксер е изведен од моторите во Porsche 911 Carrera и ги сервира 420-те њутнметри меѓу 5.000 и 6.800 вртежи. Крајната брзина на GT4 изнесува 304 km/h, додека отворената каросериска изведба е побавна за три километри на час. Двоседите спринтуваат до сто за 4,4 секунди, а потрошувачката на гориво според фабрика изнесува 10,9 литри.

https://photos.app.goo.gl/xy61Psj4DhtVqSwZ9

Новина се пиезо-инјекторите, кои првпат се користат кај мотор со високи вртежи и го впрскуваат горивото во најмногу пет порции. Porsche 718 Cayman GT4 нуди сосем нов аеродинамчки концепт, со потисок што е зголемен до 50%, без притоа да се нарушува отпорот на воздух. При 200 километри на час, воздухот притиска врз GT4 со дополнителни 12 килограми во споредба со претходникот.

https://photos.app.goo.gl/Mj7DCkCCy7PSfXQm8

Наспроти тоа, 718 Spyder е пуристичка машина. Тој ја продолжува историјата на Porsche 550 Spyder и 718 RS 60 Spyder. Родстерот дополнително поседува заден спојлер, што се извлекува над 120 km/h. Дифузорот прави Spyder да е прв модел во оваа серија што произведува аеродинамички потисок на задната оска.

https://photos.app.goo.gl/uvptJnqCZRNQU5wM9

Spyder првпат го добива GT-подвозјето од 718 Cayman GT4. Тоа значи дека во повеќето елементи се користат сферични зглобови, додека амортизацијата PASM ја спушта каросеријата за 30 милиметри. Дополнително има и механичка блокада на диференцијалот.

Цената за Porsche 718 Spyder во Германија изнесува 93.350 евра, додека за Cayman GT4 се потребни 96.206 евра.

https://photos.app.goo.gl/T82GCjJsXPrvht8W6

https://photos.app.goo.gl/57Gxd3vf5TjGf7R27

https://photos.app.goo.gl/3mUXu9aLg4Q5sFXJ6

Porsche станува експерт за обвиткување со фолија

Porsche, трите милиони пчели и турбо-медот

Dräxlmaier произведува батерии за Porsche Taycan во Заксенхајм

Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?

 

Претходна објаваПет генерации на Supra во музејот на Toyota во Келн
Следна објаваBMW повикува во сервис 560.000 примероци од старата серија 5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here