Компактот на BMW отсега вози со погон напред и попречно вградени мотори, но затоа има електрика за задниот капак и два прста повеќе простор за колена на задната клупа. Основните модели имаат три цилиндри, моќноста почнува од 116 КС и досега до 306 КС.
Кога BMW во 2004 година ја претстави првата серија 1, како неприкосновена спортска машина, наспроти Mercedes A-Class и Audi A3, баварците на сите страни разгласуваа за предностите на задниот погон. Компактот на BMW имаше помалку простор во кабината и беше поскап од конкурентите. Но, имаше заден погон. Имаше и редни шестцилиндарци, вградени надолжно, во најдобрата традиција на Минхен. Во поглед на возната динамика, серијата 1 беше цел свет понапред. Единствениот проблем беше и најголемиот проблем: Конкурентите продаваа повеќе.
https://photos.app.goo.gl/oZ6aGcBdyKztGBtUA
BMW веќе одамна остави да бледее имиџот на линиските шестцилиндарци што вртеа лесно, брзо и фантастично меко. Истото се случува и со традицијата на задниот погон, затоа што најсилните машини на марката од Петуелринг веќе долго време користат погон на сите тркала. Затоа излегува сосем безначајно тоа што новата серија 1 користи различни „стандарди“.
Динамичните возни својства беа најважни, но не и кај најпродаваните моделски изведби на претходникот; Купувачите едноставно сакаат BMW во компакт класата
Моторите сега се вградуваат попречно, шест цилиндри не се нудат, а главниот нагласок е во зголемената просторност на кабината. Фановите на серијата 1 веројатно нема да приговараат премногу, затоа што најпродавани моделски изведби во претходната генерација беа 118i и 118d.
https://photos.app.goo.gl/cbzwVwTZZtf31Qh98
Врвната возна динамика повеќе не е толку значајна во компакт класата на BMW. Тоа што ќе го забележуваат купувачите е дека нивната потенцијална „единица“ изгледа убаво, има 3,3 сантиметри повеќе простор за колена назад од претходниот модел, иако меѓусокиното растојание е скусено за два сантиметри, како и дека полесно се пристапува до задната клупа.
Само во Германија и Велика Британија се продаваше половината од продукцијата на серијата 1
Во багажникот собира меѓу 380 и 1.200 литри. Главните пазари за серијата 1 се Германија и Велика Британија, на кои отпаѓаше дури половина од продажбата на претходникот. Единицата е популарна ширум Европа, но солидни продажби се постигнуваа и во Турција, како и во Кореја.
Комбилимузината е долга 4,32 метри и изгледа пораскошно, а страничната линија повеќе е закосена наназад. Ширината порасна на 1,8 метар, висината на 1,43 метар. Спортските изведби имаат различна маска и повпечатлив дизајн на браниците, но и обичните верзии изгледаат сосем пристојно.
https://photos.app.goo.gl/WbpS3TXKV43RpysN6
Моторите се три и четирицилинидарци со турбонатполнење. Основен модел е 118i, со 1,5-литарски трицилиндарец со 140 КС. Најмалечок дизел е 116 d, исто така со три цилиндри и со моќност од 116 КС. При почетокот на продажбата во септември, понудата ќе ја сочинуваат 118d со 150 КС, 120d xDrive со 190 КС и M135i xDrive со 306 КС.
Системите за асистенција и инфо-забавните системи во најголемиот дел потекнуваат од серијата 3
Во сериската опременост отсуствуваат ставки што веќе би требало да се подразбираат, како диодни светла, алу-бандажи од 17 инчи или голем средишен дисплеј. Затоа, пак, во новата серија 1 на BMW првпат се нудат електромотор за задниот капак, проекциски дисплеј и панорамски покрив. Дисплеите и полињата за ракување потекнуваат од серијата 3. Од големата сестра потекнуваат и бројните системи за асистенција.
https://www.facebook.com/Automedia.mk/videos/280050186103121/
Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново
BMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler
Новите модели од сериите 7 и 8 на BMW со кралски пречек во М Кар
BMW M8 ќе понуди „петта димензија“ на конфигурирање
















