Пристигна новата VISION генерација 2020 година во салоните на Киа Моторс Македонија

Kia Rio Vision
Kia Rio Vision

Во продажните салони на Киа Моторс Македонија пристигна новата VISION генерација на веќе познатите модели Rio и Stonic со збогатено ниво на опрема.

(ПР-објава) Понудата на КММ не престанува да го изненадува македонскиот пазар со новини во нивото на опрема, односно континуирано продолжува да ги поместува стандардите за основно ниво на опременост на автомобилите.

Моделите кои пристигнаа се генерациски 2020 година и во својата класа се надградени во внатрешноста и надворешноста. Градскиот кросовер во Б сегмент, Kia Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со збогатеност во надворешноста, односно во понудата се вклучени LED дневни и задни светла, ретровизори со LED трепкачи и електрично склопување, како и 15” тркала од лесна легура. Кај моделот Kia Rio во нивото на опрема EX Vision надополнувањето во внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а во надворешноста доаѓа со LED дневни светла, ретровизори со LED трепкачи и електронско склопување.

https://photos.app.goo.gl/8tFbwa2kXkcsrjbu7

Киа Моторс Македонија продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата по сечиј вкус. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic, не само што добиja нов надворешен лик, се збогатија и во внатрешноста, а сето тоа ги прави уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар.

Претходна објаваSeat испробува нови видови на мобилност во фабриката во Марторел
Следна објаваVolvo очекува преку 100 тест-возења на „Freedom to Move“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here