141
19 shares, 141 points

Вo eксклузивниот увозник на Volvo за Македонија – Премиум АГС, искажуваат вистинско задоволство што за првпат во Македонија еден бренд се претставува со модерен поп-ап салон, изграден по највисоки стандарди. Во текот на три дена, од Volvo Cars Macedonia очекуваат преку 100 тест возења на сите модели на Volvo, како и повеќе илјади посетители.

Освен што за првпат на едно место се достапни за тест возење сите модели на Volvo, посебно се издвојува фактот што за првпат во Македонија, публиката може да се запознае со новите S60 и V60 Cross Country.

Од компанијата најавија дека во финална фаза е и изградбата на првиот специјализиран салон за Volvo во Македонија, а очекуваат свеченото отворање да биде во текот на месец јуни.

Freedom to Move караванот ќе биде поставен пред Скопје Сити Мол и во четврток од 10:00 часот изутрина, а освен разгледување на автомобилите и тест-возење, посетителите може да се запознаат и со E.V.A. иницијативата на Volvo – проект кој има за цел еднакви возила за сите.

Volvo Cars преку E.V.A. иницијативата ги сподели со целиот свет драгоцените податоци од нивните 40-годишни тестови и истражувања во областа на безбедноста, а од сега секој може да учествува и во специјалниот натпревар на Volvo – да придонесе за безбедноста во сообраќајот и како награда да добие патување за двајца во Гетеборг, Шведска.

Во поп-ап салонот на Volvo пред Скопје Сити Мол е достапен специјалниот формулар за учество во натпреварот.

Volvo со премиери и тест-возења во Скопје, од вторник пред Сити Мол

Автомобилите на Volvo ќе си разменуваат информации за опасност на патот

Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *