Двете музички ѕвезди се појавуваат во новиот рекламен спот за врвните моделски изведби на Fiat 500, со коишто Италијанците ја прославуваат 120-годишнината на својата марка.
Синглот „Just One Lifetime“ од албумот 44/876 на Стинг и Шеги, кој е одликуван и со Греми награда, се слуша во заднината во новиот рекламен спот за Fiat 500 Star и Fiat 500 Rockstar. Тоа се двете врвни изведби во обновената моделска гама на Fiat 500, во чест на одбележувањето на 120-годишнината на марката од Торино.
Во рекламата се појавува младата убавица од првата реклама за славеничката серија на Fiat 500, која по седнувањето во возилото ја избира песната на Стинг и Шеги на Apple CarPlay од музичкиот каталог на Apple Music. Тоа е огромна музичка база со повеќе од 50 милиони песни, без реклами и со врвен квалитет. Купувачите на Fiat 500 Star или на спортскиот Rockstar добиваат шестмесечно бесплатно користење на оваа услуга.
Понатаму во спотот се нагласуваат предностите на дисплејот од 7 инчи и на системот Uconnect кој подржува Apple CarPlay и Android Auto. Спотот е снимен на улиците на Барселона.
Синглот „Just one lifetime“ на Стинг и Шеги е дел од плејлистата „120 години песни“ на AppleMusic, во чест на 120-годишнината на Fiat. На листата се наоѓаат и неколку песни што биле дел од претходните реклами на Fiat, како „Freedom“ од Фарел Вилијамс или „Dynamite“ од Ники Блиц.
https://www.youtube.com/watch?v=tj3gxGF92sU&feature=youtu.be
Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил
Fiat ќе плати стотици милиони евра на Tesla за „нула“ CO2
Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД
















