Seat првпат надмина 200.000 возила за четири месеци

Seat prodazba jan-apr

Од јануари до април, единствената шпанска марка во големото друштво ја зголемила продажбата за 7 проценти. Април е рекорден, во повеќе земји има двоцифрен пораст. Клучниот збор е: СУВ.

Seat за седум проценти ја зголеми продажбата во периодот од јануари до април и првпат надмина 200.000 возила во истиот период. Поточно, продадени се 202.600 автомобили. Само во април, шпанската марка постигнала 51.100 продажби (+1,8%), што е историски рекорд за овој месец. Солидни продажби постигнува и новата марка Cupra, со 7.900 возила (+82,3%), кои се вклучени во вкупната продажба на Seat.

Четири од секои десет продадени автомобили на Seat се СУВ-модели

Најголем пораст е постигнат во Германија, Алжир и Велика Британија. Домашниот пазар останува најголем пазар за марката, со 40.900 возила (+4,2%) до април. Тоа долго време не беше случај, но Seat во меѓувреме е најпродавана марка во Шпанија, а најпродаван модел е Leon.

Топ 10 Најголеми пазари на Seat:

(продадени возила од јануари до април 19)

  • Шпанија 40.900 (+4,2%)
  • Германија 40.100 (+13,4%)
  • В. Британија 25.500 (+7,6%)
  • Алжир 11.900 (+18,7%)
  • Франција 11.400 (+14,6%)
  • Италија 9.600 (+14,4%)
  • Швајцарија 4.600 (+13.9%)
  • Холандија 4.100 (+22.3%)
  • Шведска 2.700 (+14.1%)
  • Данска 2.200 (+28.4%)

Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan

Seat произведува струја со 53.000 соларни панели

 

Претходна објаваDacia со рекордни 11.000 возила за три месеци во Британија
Следна објаваГермански политичар бара и велосипедистите да плаќаат паркинг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here