Светот дефинитивно сака формула 1 болид како автомобил за секој ден. Единствениот едносед за цивилна примена Bac Mono има важен јубилеј, изработен е стотиот примерок од возилото.
Данскиот музеј за автомобили Стројер Самлинген е побогат за еден автомобил. Во овој дом за повеќе од 120 автомобили од целиот свет, покрај возила од дворот на данската кралска фамилија, автомобили од филмовите со Џејмс Бонд и ретки примероци од Ferrari, Lamborghini, Bugatti, Aston Martin, Porsche и McLaren, отсега се наоѓа BAC Mono со серискиот број 100.
Mono #100 е испорачан во Данска точно за 10-годишнината од основањето на Briggs Automotive Company (BAC) во Велика Британија, од Нил и Јан Бригс. Како за славенички примерок, каросеријата е лакирана во традиционална „британска зелена боја“, со видлива карбонска структура и златни детали по каросеријата, бандажите и штеповите во кабината.
Компанијата од Ливерпул го претстави Mono во 2012 година, како прв и единствен едносед што е дозволен за редовен сообраќај. Моментно се изработуваат по три примероци месечно и тоа е повеќе од доволно за автомобили од ваков ков. BAC Mono досега е испорачан во 38 држави ширум светот. Дилерства за овој уникатен автомобил работат во САД, Канада, Мексико, Хонг Конг, Јапонија и Шведска.
Основни технички податоци:
- Крајна брзина: 275 km/h
- 0 – 60 mph (96 km/h): 2,7 s
- Моќност: 310 КС
- Вртежен омент: 308 Nm
- Сува тежина: 580 kg
- Сооднос моќ-тежина: 535 КС на тон
Прва дама сопственичка на екстремниот едносед Bac Mono
BAC Mono е најдобар автомобил за „себични недели“ според Top Gear
BAC Mono со титула на најбрз автомобил тестиран од британскиот Evo
Врска до данскиот автомобилски музеј: https://strojersamlingen.dk/
















