Британскиот едносед со дозвола за возење по обични патишта повторно се искачи на подиумот, како најдобар избор кога сé што му е потребно на возачот во слободните недели е неговиот автомобил. BAC Mono е миленик на британскиот магазин Top Gear, но не само нему.
Магазинот Top Gear го прогласи BAC Mono за најдобар автомобил за „себични недели“ или како што тоа гласи поубедливо на англиски – „Best for Selfish Sundays“. На крајот на ноември изглегува од печат изданието во коешто угледниот британски магазин ги прогласува најдобрите автомобили во одделни категории. Едноседот BAC Mono според Top Gear е најдобар избор кога сé што му е потребно на возачот во слободните недели е неговиот автомобил.
Mono во моментов е единствен едносед со дозвола за возење по обични патишта, изработен без било какви компромиси, почнувајќи од централната позиција на возачот, до примената на лесни материјали, благодарение на што се постигнуваат фантастични возни својства и перформанси. Во принцип, Mono е конструиран според истите начела како за болидите во формула 1, со одредени модификации коишто ги бараат законите за автомобилот да смее да се појави во редовен сообраќај.
WINNER! #BACMono Best for Selfish Sundays in @BBC_TopGear's Best Cars in the World issuehttps://t.co/Ij1pw4EuXj pic.twitter.com/D5sUeBUXaF
— BAC (@discovermono) November 25, 2016
Top Gear не штеди на пофалби: „Постои неочекуван баланс што прави овој автомобил да биде неверојатно едноставен за возење, дури и на влажна патека“. BAC Mono веќе има освојувано награди од британскиот магазин, меѓу кои и титула за автомобил на 2011 година во изборот на Стиг, познатиот лик од оригиналното шоу на Кларксон, Меј и Хамонд. По две години, Mono го постави и најбрзото време на круг на познатото шоу.
Неодамна уште еден британски магазин го одликуваше BAC Mono. Суперспортскиот едносед извозе рекордно време на патеката Енглси, во серијата тестирања на суперавтомобили што ги врши магазинот Evo, оставајќи ги зад себе McLaren P1 GTR, Porsche 918 или Ferrari 488 GTB.
















