Сега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија

Toyota Camry Hybrid najava

Светот ја познава Toyota Camry веќе 37 години. Исто толку долго ја почитува. Продадени се повеќе од 19 милиони примероци, седумпати се менуваа генерациите. Но, како што покажаа новите Corolla и Lexus ES, за автомобилите на јапонскиот примус повеќе не се зборува само преку бројки и факти, туку има место и за емоции.

Во основа е многу едноставно. Toyota Camry во својата осма генерација пристига на местото на Avensis. Посложената варијанта: Camry замина од европскиот пазар во 2004 година, брзо по преоѓањето на Avensis во неговата втора генерација, по што тој остана како најголема лимузина на Toyota на европскиот пазар. Camry ја продолжи светската кариера, и на важни пазари, како што се САД, со генерации наназад е бестселер. Фановите никогаш не ја заборавија.

Осмата генерација на Toyota Camry имаше европска премиера на салонот во Париз во октомври лани

Пред две години, во Јапонија, САД и Австралија пристигна осмата, комплетно нова генерација на Toyota Camry. Во овие рани денови од мај, големата, но далеку од најголема лимузина што ја произведува Toyota, пристигна и во салонот на нашиот вреден увозник Тојота Авто Центар. Крстосувачот се појавува на македонскиот пазар одвај една седмица по првите тест-возења од медиумите, коишто беа организирани во Хрватска. По премиерите на Toyota Corolla, RAV4, но и Lexus ES и UX, за само неколку месеци се случи речиси комплетна моделска смена.

https://photos.app.goo.gl/Acbv5xxg8Ask3kUq8

Повеќе не е изненадување тоа што Camry ќе биде достапен единствено во изведба со хибриден погон. Пазарот во меѓувреме научи да не очекува дизел во патничката програма на јапонската марка. За целиот европски пазар е предвиден контингент од 12.000 примероци годишно.

Toyota го релативизираше влијанието на погонот: Хибридот секаде работи совршено

Главните аргументи на погонот на Camry се како стандард за целата марка: Ниска потрошувачка, бензинец кој постигнува рекордно висок степен на ефикасност од 41 проценти, совладување куси растојанија со нулта емисија на штетни гасови. Во смисла на новата динамика што ја пропагира јапонската марка работи таканаречената Shiftmatic-технологија на хибридниот погон, којашто на возачот му нуди можност сам да ги менува степените.

https://photos.app.goo.gl/iJmQFKSRQu9MX6uV8

Бидејќи верзијата на платформата TNGA, заедно со погонската спрега и подвозјето, е мошне слична со Lexus ES 300h, може да се очекува карактер на релаксирачка и комфорна лимузина за долги крстосувања. Со хибридниот погон, кој уште повеќе доаѓа до предност во градски услови на возење, исто како и со лесната управливост, Camry ќе биде сосем добар и како „градски“ автомобил.

Според јапонските техничари, Toyota Camry во идеални услови ќе мине половина од вообичаената градска тура само со енергијата во батеријат

Батеријата е никел-металхидрид и сместена е зад задната клупа. Таа во принцип се полни при секое сопирање или одземање гас, а ретко и со користење услуга од бензинецот. Според Toyota, хибридниот погон во идеален случај ќе овозможи половина од возењето во градското секојдневие да биде само со користење на енергијата во батеријата.

https://photos.app.goo.gl/ZCvrn5MRUdAYVkkSA

Моторот е познатиот 2,5-литарски четирицилиндарски бензинец, кој освен тоа што работи според таканаречениот еткинсонов принцип, со неговата тивка работа и отсуството на секакви вибрации останува незабележлив за сето време на возењето.

Близу пет метри од еден до друг крај и багажник од 524 литри

Со должина од 4,89 метри и меѓусокино растојание од 2,83 метри, простор не недостига. Тојота Авто Центар наскоро ќе објави официјални информации за нивото на опрема и цени. Според тоа што ја сочинува понудата на најголемите пазари во Европа, кај нас може да се очекуваат две „главни“ нивоа на опрема, Business и Executive. Повисокото ниво доаѓа со бандажи од 18 инчи, средишен дисплеј од 8 инчи на допир и камера за рикверц, навигација, диодни педни светла и електрично дотерување на воланот. Повеќе од солидна опременост за оваа класа ќе се нуди уште во првото ниво, со алу-бандажи од 17 инчи, дисплеј од 7 инчи, паркинг сензори напред и назад, кожени седишта, греење и електрично местење за предните седишта.

https://photos.app.goo.gl/oPhr1EYzDTDpdyWw8

Уште поубедлив ќе биде настапот со системите за асистенција, ако се оценува според тоа што и новата Corolla пристига стандардно со неколку напредни ставки во тој поглед. Camry ќе доаѓа со самостојно запирање при опасност од судир, со распознавање пешак на пат, како и приспособлив темпомат и систем за следење лента.

Силен впечаток остава и дизајнот. Со нагласено кус каросериски превис напред, со нискиот покрив и исто така ниската хауба, Camry изгледа цврсто и моќно. Мошне ефектен детал е своевидниот превој во задните столбови. Впечатокот дека лимузината буквално е прилепена за патот се стекнува при гледање отстрана. Долниот раб на прозорците е мошне ниско, и тоа придонесува Camry од ова гледиште да изгледа лесно и динамично. Тоа, впрочем, е целта со преоѓањето на новата платформа TNGA, која овозможува полесни, подинамични, поактивни автомобили за возачот.

Основни технички податоци · Toyota Camry Hybrid

  • Должина x ширина x висина (m): 4,89 x 1,84 x 1,45
  • Меѓуоскино растојание (m): 2,83
  • Мотор: Бензин, четири цилиндри, 2487 ccm, директно впрскување
  • Моќност (мотор): 131 kW / 177 КС при 5700/min
  • Вртежен момент (мотор): 221 Nm при 3600-5200/min
  • Електромотор: 88 kW
  • Вртежен момент на електромотор: 202 Nm
  • Батерија: Никел металхидрид, 6,5 Ah
  • Системска моќност: 160 kW / 218 КС
  • Крајна брзина: 180 km/h
  • 0 до 100 km/h: 8,3 s.
  • Потрошувачка според WLTP: 5,3 L
  • Емисија на CO2 според WLTP: 119 g/km
  • Празно возило / Носивост: min. 1595 kg / max. 505 kg
  • Багажник: 524 литри
  • Растојание од подлога: 145 mm
  • Гуми: 215/55 R 17 94W или 235/45 R18 94Y

https://photos.app.goo.gl/4Jc14njdBS4xt7tv5

https://photos.app.goo.gl/B6rDkS9h7ySmwbag8

https://photos.app.goo.gl/o3KgZkKE2VbruT7E8

https://photos.app.goo.gl/ofG9T6qiyapmzjUcA

https://photos.app.goo.gl/ov7NXuLWi65LVKZe6

https://photos.app.goo.gl/FgPt7fRz2cBS26cEA

https://www.facebook.com/ToyotaMacedonia/photos/pcb.2404772736208989/2404770829542513/

Тест: Lexus ES 300h Luxury

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Toyota Camry се враќа на европскиот пазар?

Оваа Toyota Camry ја сакаме и по нашите улици

Омилената лимузина на Американците е … Toyota Camry!

 

Претходна објаваVolkswagen најавува производство на товарен велосипед – на струја
Следна објаваAston Martin Vantage со мануелен менувач и 95 килограми минус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here