Строгите еко-норми го оставија Mitsubishi без омилената игра, а тоа е постојано поместување на границите на моќноста и возливоста со Lancer Evo, но кога некоја марка е создадена со немирен дух, тоа мора повторно да се покаже на некое друго место. Сосем неочекувано место.
Возачките и возачите ги имаат слушнато веќе сите можни фрази и латинизми со никому познато значење, денес се бара оригиналност во пристапот. Mitsubishi беше мошне оригинален што се однесува до изгледот на Eclipse Cross, критичарите и купувачите го препознаа и го наградија тоа, зошто тогаш да не се внесе и оригинална забава во целата работа? На пример, со песна.
Утринава на фејсбук-профилот на Mitsubishi Motors во Македонија беше објавено видео снимено во САД, во коешто главна ѕвезда овојпат не е Eclipse Cross, туку се возачките и возачите, поточно нивната реакција. На совозачкото седиште на кросоверот седи рапер во функција на продавач на Mitsubishi, кој одненадеж почнува да рапува.
Прво зачудена реакција, потоа смеење, па дует, па повикување друштво…
Целиот дијапазон на смени на расположение при пробното возење е тоа што ја прави забавата. Mitsubishi Eclipse Cross неодамна стартуваше со продажба и на македонскиот пазар, понудата ја започнува моделска изведба со 163 КС и со цена од 23.980 евра. Кросоверот ја пополнува празнината што постоеше меѓу компактниот ASX и крстосувачот Outlander.
Мак Аутостар веќе има обезбедено и неколку примероци за пробно возење. Дали и тие подготвуваат слично изненадување, тоа не е исклучено. Сепак е тоа тимот што своевремено го сними видеото со Викторија Лоба за промоција на Mercedes A-Class.
https://www.facebook.com/MitsubishiMotorsMakedonija/videos/292796538289989/
Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа
Eclipse Cross му донесе рекордна продажба на Mitsubishi во САД
Mitsubishi Eclipse Cross прогласен за најдобар нов модел во Русија
Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно
















