Серијата 3 на BMW единаесетти пат е прогласена за најпопуларен модел на пазарот на користени автомобили во Европа. Веднаш зад неа е VW Golf, а потоа следи Mercedes C-Class. Тоа го покажува истражувањето на онлајн-берзата за трговија со возила Autosout.
Познатата онлајн-берза Autoscout ги објави новите резултати од истражувањето што традиционално го спроведува веќе години наназад. Статистиката што ја води овој сервис за продажба на возила ги покажува најпопуларните модели, марки и бои во Европа, како и нивната понуда и популарноста по држави, врз основа на бројот на посети и прегледи.
Цените за користените примероци од серијата 3 на BMW, и покрај големата популарност на моделот, се намалиле за 7,6 проценти, на просечно 16.124 евра. Наспроти тоа, вредноста на Golf на пазарот на користени возила речиси е непроменета, со просечно 15.638 евра. Кај Mercedes C-Class, пак, просечната цена на возилата дури пораснала за 2,3 проценти и изнесува 24.221 евра. Заинтересираните купувачи на користени примероци од Audi A4 имаат причина да се радуваат, затоа што просечната цена на моделот се намалила за 4,4 проценти, на 19.240 евра.
Покрај премиум триото се вмешуваат само Volkswagen и Ford
Германските марки предводат во поглед на популарноста на европско ниво. Поголемо искачување има единствено кај Ford, кој го продолжува позитивниот тренд од претходните години, и со 4,6 проценти удел во вкупниот број на посети моментно е на петтото место. BMW е прв со 14,1 проценти удел во вкупниот број на посети, пред Mercedes-Benz со 13,5 проценти. Audi следи без позначаен заостаток на третото место, со 12,7 проценти. Прв по трите премиум марки е Volkswagen, со 12,3 проценти, на четвртото место.
Црната е најпопуларна боја во Европа, со удел од 29 проценти во пребарувањата. Голем е заостатокот на сивата боја, којашто е на второто место со 19,7 проценти. Мал напредок во популарноста има кај белата боја, со удел од 15,2 проценти. Сребрената се наоѓа на четвртото место со 11,5 проценти, што е незначително повеќе од 11,4 % на сината боја.
Влатко Стефановски со музичко лого за серијата 3 на BMW
Лимузинскиот Mercedes A-Class пристигна во Мак Аутостар
Мајк Бруер издаде водич за користени автомобили
Топ 10 · Овие модели се најлош избор за користено возило
















