Концернот Volkswagen и кинеската компанија Gangfeng потпишаа спогодба за долгорочно снабдување со литиум за батериски ќелии. Gangfeng во следните десет години ќе им испорачува литиум на концернот Volkswagen и на неговите добавувачи.
За повеќе од 70 нови модели со погон на батерии што концернот Volkswagen ги подготвува за пуштање во продажба во следните десет години, потребни се и масовни залихи од литиум. Само до средината на следната декада, едно од четири возила од германскиот концерн ќе вози на струја. Партнерот што ќе снабдува со литиум за батериските ќелии за електромобилите е кинескиот Gangfeng.
Побарувачката за литиум ќе се удвои во следните неколку години. На изборот на кинескиот партнер претходеа темелни истражувања и анализи, затоа што се работи за чекор од стратешка важност.

Покрај снабдување со литиум, Volkswagen и Gangfeng договорија и рециклирање на батериите, како и развој на таканаречени батерии со цврст електролит, кои се следниот напредок во подрачјето на батериската техника, а со тоа и во електромобилноста.
Ganfeng Lithium Co., Ltd. (GFL) е основан во 2000 година и претставува водечки светски производител на продукти од литиум и метали. GLF нуди повеќе од 40 производи од литиум и метали во пет категории.
Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI
Volkswagen тестира Golf без возач по улиците на Хамбург
Уште еден Volkswagen на струја: ID Roomzz премиерно во Кина
Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години
















