Toyota ослободува 24.000 патенти за е-мобилноста да напредува

Toyota патенти ослободување

Toyota ослободува близу 24.000 свои патенти од плаќање лиценца за користење. Дел од овие патенти се користат повеќе од две децении во хибридните возила на Јапонците. За крај следи и техничка поддршка при користењето на технологиите.

Toyota презема два чекори во насока на унапредување на електричниот погон на глобално ниво во браншата. Првиот чекор е ослободување на близу 24.000 свои патенти од плаќање лиценца за користење. Овие патенти, од кои дел се уште во постапка на регистрација, се однесуваат само на електрификацијата на погонската спрега.

Вториот чекор е поддршка за останатите производители при развојот и продажбата на електрични возила, доколку тие ги користат електромоторите, батериите, контролната електроника и останатите технологии во погонот на нивните возила.

Toyota цени дека со последниве два чекора им помага на владите, производителите и општеството да ги исполнат мерките за спречување на климатските промени

Слободното користење на технологиите и експертизата на Toyota стартува веднаш и ќе трае до завршетокот на 2030 година, со потпишување посебни договори. Toyota уште од јануари 2015 година нуди 5.680 патенти за слободно користење, коишто се однесуваат на водородниот погон, односно на горивните ќелии.

https://photos.app.goo.gl/6cX7rLv6w1AaH2vQ7

Оваа мерка е дел од Предизвикот за животната средина на Toyota за 2050 година, со когошто јапонскиот производител стартуваше во 2015 година, со цел за преземање мерки во насока на одржливост и намалување на емисијата на СО2. Пред две години беше објавен и планот за претставување на нови модели со електричен погон до 2030 година.

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020

Водородни вилушкари во фабриките на Toyota

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Тест: Lexus ES 300h Luxury

Претходна објаваИдната Ford Puma ќе биде СУВ и ќе вози како благ хибрид
Следна објаваТри минути место цел ден и апликации место факсови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here