Неколку зачудувачки споредби за напредокот во автомобилското производство во период од само неколку децении. Бројот на автомобили што во минатото се произведувал за еден ден, денес се произведува за само три минути. Место две години чекање за испорака на нов автомобил, денес може да се купи возило за десет минути и пет притискања на маусот.
Некогаш фотографиите беа црно бели, денес се снима во 4К висока резолуција. Некогаш се испраќаа факсови, денес апликациите се незаменливи. Некогаш се слушаше музика на винилни лонг-плејки, денес нема друго освен mp3. Тоа се промените во општеството во последните 50 години, но подеднакво се фрапантни и споредбите за напредокот во автомобилската индустрија.
Шпанскиот Seat издвои неколку податоци и факти кои сведочат за обемот на промените во последните пет децении
Од 5 автомобили на ден на 2.400 автомобили. При отворањето на фабриката на Seat во Зона Франка, дневно се изработуваа по пет автомобили. Денес, во Марторел се доволни само три минути да се произведе истиот број автомобили како пред близу седум децении. Во 1950-те, на 1.000 жители во Шпанија имало по само 3 автомобили, денес соодносот е 480 возила на илјада жители.
https://photos.app.goo.gl/XAaPUM3CMRDoYTGDA
Од рачно производство до изработка со 2.000 роботи. Порано, роботите беа научна фантастика. До 1970-те години, автомобилите се лакираа исклучиво рачно, додека денес 84 роботи нанесуваат боја. Скенер ја проверува површината за 43 секунди. Само во монтажата работат 125 самостојни роботи.
https://photos.app.goo.gl/NDRpPvp1QY6xSFG37
Од работа на 40 степени до биомеханички аватар. Без клима, на студено во зима и на 40 степени во лето. Така изгледаше работата во фабрика за автомобили пред половина век. Денешните фабрики имаат константна температура и примена на врвни ергономски решенија за спречување повреди и олеснување на работата. Во посебно одделение се тестира со биомеханички аватари, заради проверка како производствените процеси влијаат врз здравјето и состојбата на работниците.
https://photos.app.goo.gl/vmN9jzBa4HszhuZS8
Од неколку авиони до Колумбија, до 400.000 автомобили ширум светот. Во 1965 година, неколку авиони беа натоварени со возила на Seat и испратени за Колумбија. Тоа беше првиот извоз на шпанската марка. Дури во 1983 година следеше вистински извоз, откако почна продажбата на Ronda во Холандија. Лани, Шпанците извезле осум десетини од вкупно 474.300 автомобили од Марторел. Ако овие автомобили се наредат во колона, таа ќе биде долга од Барселона до Сиднеј.
https://photos.app.goo.gl/yukyXGrVwaAotsCo8
Од двегодишно чекање до 5 кликови. Купувањето автомобил се смени драстично. Порано, салоните беа единствен контакт со марките. Денес, повеќе од 70% од купувачите користат онлајн-извори за информирање пред да посетат салон. Во средината на 1960-те, за Seat 600 се чекаше по 2 години. Денес може да се купи автомобил за десет минути и со само 5 кликови, како што е случај со услугата на Seat во Норвешка.
Волан лево, волан десно: Разлики, причини, историја
Македонско Renault 4 пишува историја на пат до Азурниот Брег
Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan
Seat произведува струја со 53.000 соларни панели
















