Автомобилската сцена деновиве ни е во знакот на двајца љубители на олдтајмери, кои со примерно реставриран Renault 4 се упатија кон Азурниот Брег. Овој потфат е најдобро сведоштво за тоа дека фасцинацијата околу старите автомобили не е во самите автомобили, туку во луѓето за и околу нив
За само неколку денови откако светот првпат дозна дека двајца љубители на олдтајмери, а по некое правило, тоа секогаш значи и авантуристи, појдоа на патување до Азурниот Брег со стар Renault 4, целото внимание на македонската автомобилска сцена се насочи кон ова навидум обично возило од некои стари времиња и кон веселиот екипаж.
Тоа што нашата редакција може скромно да го оцени за досегашното одвивање на потфатот: Драматиката на патувањето на Ѓорѓи Николов и Ѓоко Шуклев до Ница, за овие два дена е поголема од таа што може да се доживее при гледање на македонска тв-серија од понов датум.
https://www.facebook.com/gorge.nikolov.71/videos/862920227252347/?hc_ref=ARSe4MoQKSvoNq6xE6GQ_aO1Br_X5b34ZHTeduro5zyn1Tk97MeXYo6ifAk-s1UEIPo
Двајцата авантуристи и ентузијасти за олдтајмери, го започнаа патувањето утринава, нешто пред три часот, од Стојаково, односно како што тие ќе кажат, „од центарот на Македонија“. На чинот на поаѓање, со задолжителното полевање вода заради среќа, му претходеше фото-сесија на стариот, а добар Renault 4, прослава со пенливо вино од коешто се напи и овој вечен француски автомобил, па дури и тест-возење на релација од Гевгелија до Тетово и назад, во должина од 410 километри.
Повеќе домашни агенции кои само објавуваат фотографии за „лајкување“, би можеле да им позавидуваат на маркетиншката мајсторија на Ѓорѓи и Ѓоко. Процедурата што ја испочитува овој „екипаж“ не се разликува од онаа што светот ја доживува кога се лансираат најнови и најскапи модели на автомобили.
Моментно, авантуристите одмораат во Белград, за по кусиот одмор да го продолжат патот кон Загреб, по што ќе се упатат кон Милано и Џенова, до крајното одредиште Ница.
Уште еднаш, среќен пат за @StojakovoDoNicasoReno4 и многу забава за сите!
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.306649539893910.1073741830.305644026661128&type=3
















