Skoda владее на сцената на салонот во Женева

skoda vision iv salon zeneva

Нов малечок СУВ, иден кросовер со погон на струја, тркачка машина и електричен велосипед. Тоа се актерите во „претставата“ на Skoda за публиката на салонот во Женева. На публиката обично ѝ се допаѓаат изведбите на чешката марка. Всушност, сé повеќе.

Без изненадувања, затоа што сé беше уредно најавено долго пред почетокот на салонот за автомобили во алпската земја, а сепак привлечно и масовно посетено. Skoda има четири новитети за светската автомобилска сцена: Skoda Kamiq, малечок СУВ и брат на Seat Arona и VW T-Cross, потоа концепт Vision iV кој го најавува идниот кросовер и прв модел на Skoda со електричен погон, свежа верзија на Skoda Fabia R5, како најуспешен рели-автомобил во историјата на марката, а како најголемо изненадување, велосипед со погон на струја.

Најголемата инвестиција во историјата на Skoda оди за електрични автомобили и услуги за мобилност

Skoda во следните четири години ќе вложи две милијарди евра во електрификација на погонската спрега и во нови услуги за мобилност. До крајот на 2022 година, Чесите ќе нудат десет модели со електричен или електрифициран погон. Паралелно ќе се воведуваат и услугите за користење на јавниот возен парк HoppyGo или за споделување превоз CareDriver. Возилата на Skoda уште сега се вклопуваат во домовите со паметна корисничка мрежа. Во иднина, повеќе.

https://photos.app.goo.gl/1GVMLB19W9LUvQ5c9

Skoda Vision iV е конкретна најава за серискиот модел кој ќе се појави најдоцна до 2022 година и ја користи модуларната платформа за електричен погон MEB на концернот Volkswagen. Компактниот и флексибилен електричен погон дозволува многу простор во кабината и нејзино поразлично изведување. По еден електромотор работи на секоја оска, а тенка литиум-јон батерија е поставена под целиот под. Таа овозможува досег до 500 километри.

https://photos.app.goo.gl/aqE2SqX1hibwi3Jr7

Kamiq е чешката варијанта на Seat Arona и VW T-Cross, и чисто субјективно, изгледа најубедливо и најпривлечно во триото. Верно на поголемите модели Karoq и Kodiaq, името почнува со K и завршува со Q, а потекнува од јазикот на Инуитите, кои живеат на Гренланд и на северот на Канада.

Првите пазари ќе ја добијат новата Skoda Scala веќе во април

Секако дека на штандот привлекува внимание и новата Skoda Scala, како наследничка на Rapid Spaceback, врвно стилизирана, со многу можности за индивидуализација. Генерално, Skoda похрабро го приближува својот модел во компакт класата до Golf. Моторите достигнуваат до 150 КС, испораката ќе започне во април.

https://photos.app.goo.gl/JaXT2PcrZSxDVQ9j8

Бидејќи целиот штанд е „под напон“, одлично се погоди и претставувањето на електричниот велосипед Klement. Во иднина повеќе ќе се развива принципот на микромобилност, односно користење превозно средство за преостанатиот пат до самото одредиште, откако ќе се дојде до одредена точка со користење јавен превоз или на новите услуги за мобилност. Крајната брзина изнесува 45 km/h, две батерии овозможуваат досег од преку 60 киломоетри. Секако не отсуствува и можност за вмрежување и вклучување на мобилните апликации на корисникот. Интересна можност е ограничувањето на зоната на движење. Надвор од одредена зона, погонот не функционира.

https://photos.app.goo.gl/3TtsYzzUXFXAqjey5

https://photos.app.goo.gl/iisvYDfdEm4ke3ZQ9

https://photos.app.goo.gl/7QJ2VXM3yM9CatFR6

https://photos.app.goo.gl/yd7YUvMK1xysBnSw5

Фабриката за Skoda Kodiaq и Superb првпат надмина 300.000 возила

Skoda Kamiq скроен по мера и со опција за метан

Skoda Vision iV прикажува сосем различна внатрешност

Skoda во јануари испорачала над 100.000 возила

 

Претходна објаваKia замислува електричен автомобил што ќе ги буди чувствата
Следна објаваSsangYong тука мирува, но во Женева има нов Korando

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here