Спортски автомобил со месечна претплата како за мобилен телефон. Porsche и германската компанија за мобилност Cluno излегоа со понуда за ексклузивно и флексибилно користење на возило по месечна пакет-цена. Понудата засега важи само во Германија.
Услугата „Porsche inFlow“ нуди можност да се вози Porsche по месечна пакет-цена, без скриени трошоци и ситно испишани текстови. Корисниците треба да плаќаат единствено за гориво. Сите останати трошоци, од редовно одржување и сервисен преглед, амортизација, замена на гумите, гаранција, регистрација, технички преглед, каско-осигурување, вклучени се во месечната рата.
Возилото не се купува, само се плаќа за негово користење
Најкусиот период на користење е шест месеци. Корисникот може да направи пауза, со најава три месеци претходно, а може и да го замени автомобилот со друг. Целата постапка, од резервацијата на возилото, до потпишувањето на договорот и менаџирањето со возилото, се одвива по дигитален пат, преку апликацијата Cluno.
Разликата со класичниот лизинг и сличните начини на финансирање е во тоа што корисникот не потпишува обврзувачки договор и има поголема слобода при изборот на периодот за користење на возилото.
https://photos.app.goo.gl/qvXB9gmJpAzMn2g29
Возилата на Porsche се малку користени автомобили, обично демо-примероци. Достапни се сите моделски серии. Месечната пакет-цена стартува од 1.299 евра. Цената натаму се одредува зависно од конкретниот модел на Porsche. При првата резервација треба да се плати стартна такса од 299 евра. За потврда на резервацијата преку мобилната апликација се потребни само неколку минути. Потоа, нарачаното возило добива гориво до врв и се испорачува до саканото место.
Porsche пред 70 години првпат изложуваше во Женева
Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели
















