Автомобилската сцена го очекува електричниот автомобил на Honda, кој предизвикува голем интерес уште откако беше најавен преку концептот Urban EV пред година и пол. Во Женева ќе биде прикажана конечната изведба, Honda однапред го открива изгледот на кокпитот
Во следниот месец, на салонот во Женева се очекува првото појавување на конечната изведба на електричниот градски автомобил на Honda. Иако јапонската марка уште нема објавено ниту еден детал околу погонската техника или досегот, сцената буквално го обожува автомобилот. На салонот во Франкфурт, во есента 2017 година, Honda го прикажа концептот Urban EV, кој привлече внимание со ретро стилот, во комбинација со врати што се отвораат наназад и техно кокпит, со дисплеј по целата должина, поставен врз дрвен панел.
https://www.instagram.com/p/Bs-X-mGgMMd/
Ретро изгледот веројатно ќе се задржи, додека вратите што се отвораат наназад дефинитивно се напуштаат. Прототипот за салонот во Женева пристига со пет врати. Единствената неизвеност останува опколу тоа, дали можеби задните врати ќе се отвораат наназад? Верно на значењето на зборот „прототип“, сериската изведба на Urban EV ќе се разликува само минимално од тоа што Јапонците ќе го прикажат во халите покрај Лак Леман.
Комбинација од природни материјали и современа технологија во кокпитот на електричната Honda
Honda објави детална фотографија од арматурната табла на градското мини на батерија, коешто ќе стартува со испорака веројатно во почетокот на следната година. Дисплеј по целата должина, како во концептниот автомобил, би бил прескап за изработка, па „инженерите за скусување трошоци“ користат три дисплеи. Останува идејата за користење дрвена плоча како основа за „инструментите“.
Од тоа што се забележува на дисплеите, идната Honda Urban EV ќе располага со личен асистент, односно со систем за користење онлајн услуги, секако ќе поседува и напредни можности за поврзување со телефон, како и погодности од типот на програмирана климатизација на кабината пред возачот или возачката да седне зад воланот.
Така првично изгледаше кокпитот при премиерата на Honda Urban EV во Франкфурт во 2017 година
https://photos.app.goo.gl/do1fmNPkUTy8BGSm7
Не отсуствуваат и системи за асистенција, меѓу кои радарски темпомат со старт-стоп функција за самостојно возење во колона, што секако е вистински благодат во градски метеж. Обрачот на воланот се грее, додека систем од камери го прикажува возилото од горна перспектива при паркирање.
Камерите во замена за ретровизорите дефинитивно остануваат, можно е да се нудат како опција во серискиот модел
Во овој систем би требало да бидат вклучени и камерите кои ги заменуваат ретровизорите. Во краевите на арматурната табла се забележуваат уште два дисплеја, кои на фабричката фотографија остануваат темни, но не е мајсторија да се претпостави дека на нив ќе се прикажува сликата од камерите. Можно е дека тие ќе стојат на располагање како опција.
Командите за климата се класични, сместени во посебно поле под „главните“ дисплеи. Зад воланот се забележуваат и рачки, со кои веројатно ќе се избира степенот на рекуперација, односно силината на сопирањето при отпуштање на педалот за забрзување.
Премиерата на прототипот на Honda Urban EV е закажана за 5-ти март, во Женева.
Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева
Honda разви теренско возило без возач
Honda HR-V добива спортска изведба со 182 КС
По хибриден погон отсега и во Honda
















