Програмерите ќе одговараат за незгодите на роботските автомобили?

автопилот роботски автомобили одговорност

Патниците во возилото ќе бидат ослободени од одговорност во случај кога роботските автомобили ќе учествуваат во незгода. Наспроти тоа, програмерите би можеле да имаат големи проблеми.

Технологијата на автономно возење и роботските автомобили уште одамна имаат достигнато зрелост за сериско производство и пуштање во јавен сообраќај. Законодавството е тоа што ја притиска сопирачката. Долго време се расправа на оваа проблематика, меѓу другото и околу тоа кој ќе ја преземе одговорноста, во случај кога возилото управувано од компјутер и вештачка интелигенција ќе предизвика судир.

https://photos.app.goo.gl/46DWhgSnodoqxnjU7

Експертите на глобално ниво засега се сложни околу едно. Возачот не треба да одговара во случај на незгода додека возилото управува самостојно. Тој ќе подлежи на казнена одговорност само доколку самостојно ја преземе контролата над возилото, односно во случај да реагира предоцна, кога безбедносните системи на автопилотот ќе побараат возачот да ги преземе командите.

Производителите во иднина можеби ќе бидат поштедени од нова дизел афера, но не и од автопилот-афера

Ризикот во иднина ќе биде поголем за производителите на автомобили, за конструкторите и за софтверските програмери. Можно е тие да бидат гонети кривично, доколку роботските автомобили предизвикаат незгода со човечки жртви.

Новите технологии ја поместуваат одговорноста од возачот, на вештачката интелигенција. Возачите во иднина ќе мора да бидат добро информирани за правните последици пред да го вклучат автоматското возење. На законодавството во секој случај му преостанува уште долг период на напорна работа околу правните предизвици на роботските автомобили.

Автопилотот уште не е дораснат да го замени возачот

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт

Volvo тестира „самовозечки“ камион за собирање отпад

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила

 

Претходна објаваRenault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini
Следна објаваЗаработката на Hyundai намалена за 63,8 проценти?!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here