за

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила

Ford планира да си обезбеди предност во трката за автомобилската иднина и вложува четири милијарди долари во посестинската фирма којашто ќе се специјализира за автономни возила

Масивна инвестиција од четири милијарди долари може да му обезбеди предност на Ford во развојот на автономни возила. За таа цел е основана посестринската компанија Ford Autonomous Vehicles LLC. Вториот најголем производител на автомобили во САД ќе инвестира 4 милијарди долари во оваа компанија до 2023 година. Во сумата е вклучена и милијардата долари којашто Ford уште претходно најави дека ќе ја вложи во фирмата Argo.

Седиштето на новата компанија ќе биде во Детроит, а со неа ќе раководи Шериф Маракби. Тој веќе раководи со развојот и усовршувањето на технологијата за автономно возење, како и со електричните автомобили на Ford.

Сите големи компании со големи очекувања од автономните возила

Развојот на роботски автомобили е исплатлив бизнис на иднината, во когошто вложуваат и производителите на автомобили, но и големите технолошки концерни. General Motors лани ја купи стартап-компанијата Cruise по цена од 600 милиони долари. Во технологијата за автономно возење се мошне активни и Uber, Tesla, Waymo и уште голем број помали и поголеми компании.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi производство електромотори унгарија

Audi стартува со производство на електромотори во Унгарија

Kia Niro EV

Електричен Kia Niro во продажба во Европа кон крајот на годинава