Заработката на Hyundai намалена за 63,8 проценти?!

hyundai загуба

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai објави загрижувачки бројки. Првпат по осум години, компанијата забележала загуба во последниот квартал. Продажбата пораснала, но не колку што било планирано.

Автомобилскиот производител Hyundai Motor забележа значително скусување на профитот, поради намалената продажба и неповолните курсеви на валутите. Заработката во 2018 година во висина од 1,6 билион вони, односно 1,25 милијарда евра, била помала за 63,8 проценти во споредбна со прекланската деловна година. Во четвртиот квартал, јужнокорејскиот лидер во браншата за првпат забележал загуба откако пред осум години беа воведени новите стандарди за пресметка на билансот.

Продажбата расте, но недоволно за да се покријат празнините во буџетот

Hyundai Motor, заедно со сестринската фирма Kia Motors е петти по големина производител на автомобили во светот. Продажбата лани пораснала за 1,8 проценти, но со 4,59 милиони продадени автомобили, таа е далеку од планираното. Најмногу потфрлиле пазарите во Кина и САД.

hyundai vozdusni pernici

Во прометот има благо зголемување и истиот достигнал 97,3 билиони вони. Како причина за намалената заработка, компанијата ги наведува слабите резултати од претпријатијата што работат во рамките на групацијата. Во четвртиот квартал лани, Hyundai имал загуба од 203 милијарди вони, наспроти заработката во висина од 1,29 билион вони преклани.

Hyundai се надева дека новите и посовремени модели што следат годинава ќе придонесат за зголемување на продажбата. Компанијата планира продажбата да достигне 4,68 милиони автомобили.

Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел

Вработените во Hyundai во страв од електричните автомобили

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance

Kia e-Niro е автомобил на годината според британскиот What Car

Претходна објаваПрограмерите ќе одговараат за незгодите на роботските автомобили?
Следна објаваMitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here