И тој е двокатен, но користи водород како погонско гориво

adl avtobus pogon vodorod

Британски производител на двокатни автобуси тестира прототип што користи водород како погонско гориво. Во основа станува збор за електричен погон, со таа разлика што место од батерии, енергијата за електромоторите се добива преку хемиска реакција на водородот во резервоарите

Британскиот производител на автобуси Alexander Dennis Ltd. (ADL) тестира прототип на двокатен автобус со погон со горивни ќелии, односно водород. Електричната погонска оска пристига од добавувачот ZF, заедно со дополнителниот хардвер и софтвер.

Оската AxTrax AVE се докажа во сите услови на тестирањето. Производителот ZF вложи огромна експертиза со цел да развие решение што ќе овозможи едноставно вградување на порталната електрична оска во автобусите. Најголемата предност на погонот на водород секако дека е во беспрекорно чистата работа, затоа што станува збор за еден вид електричен погон – и таков што е супериорен наспроти „батерискиот“ погон.

Електричната портална оска на ZF може да се користи и во хибридна погонска спрега или со батерии како извор на енергија, место водород

Автобусот е од серијата ADL Enviro400 од најголемиот производител на двокатни автобуси во светот. Електромоторите се интегрален дел од порталната оска, односно по еден електромотор се наоѓа во главата на секое тркало на оската. ADL две години го развиваше автобусот со погон на водород, во партнерство со ZF. Тестирањата беа извршени во реални услови, во повеќе градови во Обединетото Кралство.

https://photos.app.goo.gl/xTxwPt8okZDYA9FaA

Британската фабрика веќе го претстави протипот пред јавноста и пред неколку транспортни компании. Оската AxTrax AVE имаше премиера во 2012 година и оттогаш се користи успешно ширум светот. Покрај високата ефикасност, нејзината најголема предност е во тоа што може да се користи во комбинација со хибриден погон, чисто на батерии, и секако, со погон на водород.

Моќноста изнесува 250 киловати, а оската има максимална носивост од 13 тони. Бидејќи нема потреба од карданско вратило за пренесување на моќноста, производителите имаат голема слобода со електричната оска од ZF при конструирањето на изведбата на автобусите. Како една од предностите, на пример, подот може да се изведе целосно рамно, без скалило.

Вака изгледаат „градските автобуси“ на иднината

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

Автобуси на струја ќе возат низ Лондон

Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania

Претходна објаваТрамп на твитер се израдува за инвестицијата на Volkswagen
Следна објаваРисивер од Pioneer го претвора телефонот во дисплеј во кокпитот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here