Еден од најтрадиционалните производители во браншата го претстави својот прв електричен мотоцикл на саемот во Лас Вегас. Тоа би требало да го помлади кругот на купувачи на Harley-Davidson
Harley-Davidson го произведе својот прв електричен мотоцикл. Легендарната марка, со двоцилиндарски мотори чијшто звук е непогрешлив знак за препознавање, се приклучи на општиот тренд на електромобилноста. Моделот се води како LiveWire и подеднакво е импресивен со моќноста и со неговата цена. Спринтот до 60 милји на час, односно околу 96 km/h, трае само 3,5 секунди. Цената на електричниот мотоцикл изнесува 30.000 долари (26.000 евра), испораката стартува во август.
Производителот со богата традиција наведува дека LiveWire постигнува досег до 110 милји или близу 180 километри со едно полнење. Батеријата може да се полни на обична приклучна кутија за струја или на брз полнач. Мотоциклот доживеа премиера на најголемиот саем за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, кој веќе со години наназад е многу повеќе од саем за забавна електроника.
https://photos.app.goo.gl/M5r8ssPW5Nbn2U6c7
На премиерата учествуваше и јапонскиот концерн Panasonic, од когошто потекнуваат голем број компоненти за функциите на конективноста. Посебната мобилна апликација ја прикажува наполнетоста на батеријата, но испраќа и порака до сопственикот кога ќе регистрира движење на мотоциклот, односно обид за кражба. Онлајн-услугата со име H-D Connect ќе биде достапна само на одредени пазари.
Целата мото-бранша се префрлува на електричниот погон
Harley-Davidson е икона на американската индустрија, но во последниот период имаше големи проблеми со продажбата на домашниот пазар. Извозот на странските пазари добива сé поголемо значење, затоа што младите Американци го губат интересот за мотоцикли. Електричниот LiveWire е шанса повторно да се привлече помладиот круг купувачи.
Електричните мотоцикли не се новитет на пазарот. Конкурентот на Harley, американскиот Victory Motorcycles, веќе извесно време произведува мотоцикли на струја, исто како и Zero Motorcycles. И традиционалната италијанска марка Vespa во меѓувреме стартува со продажба на електричен скутер.
Трамп бесен на Harley за одлуката да произведува надвор од САД
Harley-Davidson сели производство поради европските царини
















