Чесите стартуваат со нов модел кој според бројките од продажбата и влијанието врз имиџот на марката може да ја достигне Octavia. Во следниот петок, во Израел има премиера новата Skoda Scala, наследничка на Rapid
Во следниот петок, Skoda ќе одржи светска презентација на новата Scala во Тел Авив, Израел. За уште еднаш да укаже на важноста на пристигањето на овој модел, чешката марка однапред го открива изгледот на внатрешноста. Моделот кого што сцената речиси едногласно го прогласи за „чешкиот голф“, пристига со нов стил на каросерискиот дизајн, со повеќе емоции, со функционалност којашто е составен дел од имиџот на марката, и со свежа технологија.
Шемата на кокпитот е сменета целосно во споредба со постоечките модели, што се темели на воведувањето на голем средишен дисплеј. Со пречник до 9,2 инчи, Skoda Scala ќе нуди најголем дисплеј во класата, за ракување со функциите кои досега се вклучуваа преку класични прекинувачи.
Skoda Scala мора да се избори за внимание кога целата сцена е посветена на СУВ-манијата
Дури и полето за ракување со климатизацијата и вентилацијата е сведено на минимум. Се забележуваат и нови материјали и бои во арматурната табла и целиот кокпит, но и алкантара во комбинација со кожа на седиштата. Последново укажува на тоа дека Skoda Scala ќе покрива широк ценовен сегмент, а со тоа и широк круг на купувачи, веројатно во уште поголем распон отколку Octavia. И во таа смисла, наследничката на Rapid и Rapid Spaceback е „голф“.
Помош при паркирање и можност за избор на програми за возење ќе бидат на списокот на опции или стандард во топ-моделските изведби. Skoda не воведува само оптички, туку и „хаптички“ квалитети – тоа е поимот за чувството што се стекнува при допирање одреден материјал или површина. Арматурната табла и панелите во предните врати се обложени со слој од мека пена, со нова површинска структура.
Останатите детали околу моторите, опремата, цените и датумите на почеток на испорака ќе бидат познати при премиерата на 6-ти декември.
[FAG id=35727]
Skoda Scala пристига во првото полугодие од 2019
Rapid станува Skoda Scala и вози самоуверено во класата на Golf
Skoda Fabia во моделска изведба меѓу комби и СУВ
Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан


















