Skoda Scala е новиот „Superb“ во класата на Golf. Тоа што големиот автомобил го постигна во својата класа, сега наследникот на Rapid ќе го повтори таму каде што е најгусто
По неодамнешното објавување на фотографијата што ја прикажа силуетата на идниот модел, сега Skoda го открива и неговото име. На местото на Rapid пристига Skoda Scala, како нов модел на чешката марка во компакт класата. Името потекнува од латинскиот збор scala, за скалила. Симболиката во името укажува дека Skoda Scala ќе настапува многу поубедливо во конкуренција со големите имиња во класата, вклучувајќи го и Golf.
Примерот со Skoda Superb покажа дека паралелното постоење на модел на чешката марка, практично го зајакнува пазарниот пробив на матичниот модел на Volkswagen во соодветната класа, место да го слабее – типична симбиоза, место канибализам.
Skoda Scala мора да понуди нешто плус, да ги задржи љубителите на традиционалните комбилимузини во ерата на „СУВ-изацијата“
Skoda Scala ќе биде прв сериски модел на Чесите со име што ќе биде испишано средишно на задниот капак, со посебни букви, како замена за логото на марката. По заминувањето на Кабан, дизајнерите завртеа „нов лист“. Новиот дизајнерски пристап за каросеријата и за кабината пристига во сериска форма токму со новата Scala. Концептот Skoda Vision RS верно го прикажа изгледот на новиот модел пред публиката во Париз, со неколку блескави детали заради заматување на погледот.

Се најавува и нова технологија, којашто обично се вградува во моделите од повисоките класи. Тоа секако нема да значи дека Skoda го напушта имиџот на „smart understatement“, којшто привлекува дополнителен круг купувачи, на кои премиум име би им претставувало само товар.
Чесите се противат Skoda Superb да се пресели во Германија

















