Чешката марка на Volkswagen е присутна на кинескиот пазар веќе единаесетта година и планира продажбата да ја зголеми двојно до 2020 година, на 600.000 автомобили. Покрај Kamiq се планираат уште неколку СУВ модели коишто ќе бидат конструирани специјално за потребите и желбите на кинеските возачи. За таа цел, Skoda ќе инвестира две милијарди евра во Кина во следните пет години.
Историјата на Skoda во Кина се навраќа до 1930-те години. Марката уште во 1936 годин имала пет „трговски застапништва“ во земјата. Денес, тоа е најголем единечен пазар за Skoda во светот.
Skoda планира да отвори уште една фабрика
Вака изгледаа теренците на Skoda пред 70 години
Кина останува најголем пазар за Skoda
Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style
















