Кога Škoda Fabia R5 ќе се појави на стартната линија на релито Монте Карло на 19-ти јануари, ќе бидат поминати точно 40 години откако чешката марка победи на славното рели. Во таа чест, фабричкиот тим ќе вози со истите сини и црвени ленти како победничкиот автомобил од 1977 година.
Вацлав Блахна и Љубислав Хлавка тогаш победија во класата до 1.300 сантиметри кубни со Škoda 130 RS. Тоа секако е еден од најзначајните моменти во 116-годишната историја на Škoda во мотоспортот, исто како и освојувањето на последниот шампионат во рели.
За тимот на Škoda годинава повторно ќе возат Копецки и Тидеманд. Освен во светското рели, Копецки вози и во чешкиот шампионат во рели, кадешто во последните две години постигна десет победи во десет трки.
Со титула на светски шампион во рели, три континентални титули и десет национални титули со Fabia R5, Škoda лани имаше една од своите најуспешни години во релито.
Календар на светското првенство во рели за 2017 година (WRC 2)
- Рели Монте Карло 19.01.–22.01.2017
- Рели Шведска 09.02.–12.02.2017
- Рели Мексико 09.03.–12.03.2017
- Рели Франција 06.04.–09.04.2017
- Рели Аргентина 27.04.–30.04.2017
- Рели Португалија 18.05.–21.05.2017
- Рели Италија 08.06.–11.06.2017
- Рели Полска 29.06.–02.07.2017
- Рели Финска 27.07.–30.07.2017
- Рели Германија 17.08.–20.08.2017
- Рели Шпанија 05.10.–08.10.2017
- Рели Велика Британија 26.10.–29.10.2017
- Рели Австралија 16.11.–19.11.2017
















