Brabus не го остава актуелниот Mercedes E-Class без својот третман и нуди тјунинг на мотор, спојлери, спортско подвозје, задолжителни моноблок бандажи од 21 инч и секако можност за доработка на ентериерот според желбите на купувачот. Единственото што не доаѓа во предвид е прашување за цената.
Четири децении тјунерската работилница Brabus дава дополнителен печат на моделите на Mercedes. На оваа долга традиција сега се надоврзува и E-Class, за којашто дизајнерите во Ботроп подготвија два различни стилови на спојлери, посебно за Exclusive и Avantgarde, посебно за AMG Line.
Предниот спојлер му дава уште повпечатлив настап на E-Class, но има и функција да го зголеми потисокот врз предната оска и на тој начин да ја подобри стабилноста при висока брзина. Во спојлерот може да се додадат и посебни маски за страничните отвори за воздух. Задниот браник со изглед на дифузор ги нагласува чифтот двојни издувни цевки, на што следува и ненападен заден спојлер.
Верзиите што се испорачани со пакет AMG Line добиваат спортски преден спојлер од Brabus како додаток, со завршетоци што се изведени како крилца. Тука исто така може да се додадат специјални маски за страничните отвори за воздух. Наспроти претходната верзија, дифузорот во задниот браник кај AMG Line има и функција на дифузор.
Топ-изведбата на бандажите од Brabus чини над 2.000 евра, по парче, без гуми
Понудата од бандажи во препознатлив стил на Brabus опфаќа димензии од 18 до 21 инч. Врвот се ковани бандажи Brabus Monoblock, со димензија 9Јх21 напред и 10,5Јх21 назад, со гуми 255/30 ZR 21 напред и 295/25 ZR 21 на задната оска. Специјални спортски пружини го спуштаат подвозјето за 30 милиметри, додека за верзиите на E-Class со пневматска амортизација се испорачува преработен контролен модул.
Со вака подготвениот настап следува и интервенција во моторот. Бензинецот со 184 КС во E 200 по инсталацијата на плаг-енд-плеј модулот постигнува 225 КС и вртежен момент од 330 њутнметри. Зголемувањето на моќноста кај дизелот E 220 d изнесува 27 КС и 50 Nm, додека топ-дизелот E 350 d добива плус 51 КС и 100 њутнметри. Спринтот во тој случај се скусува на 5,7 секунди.
Посебно копче за припитомување на звукот од издувот во E 43
Спортските издувни системи од нерѓосувачки челик се достапни за сите моделски изведби на E-Class, со специјална клапна во случај на E 43, којашто со притискање на копче овозможува избор меѓу спортски и придушен звук.
Во ентериерот може да се додадат челични плочки на праговите, со осветлување во 64 бои, соодветно на амбиенталното осветлување во кабината, алуминиумски детали во кокпитот и секако ексклузивна кожа од Brabus.
За цените:
- Бандажи Brabus Monoblock F Platium Edition 9J x 21 за предна оска 2.129 евра, по парче, посебно гуми
- Бандажи Brabus Monoblock F Platium Edition 10,5J x 21 за задна оска 2.231 евра, по парче, посебно гуми
- Спортски пружини Brabus (-30 mm) 355 евра
- Алуминиумски педали 191 евра
- Алуминиумски пинови за врати 117 евра
- Плочки на прагови, со осветлено лого Brabus 1.069 евра
- Патосници, велур 201 евра
- Облога на багажник 130 евра
- Тјунинг на мотор за E 200 (225 КС, 330 Nm) 1.535 евра
- Тјунинг на мотор за E 220 d (222 КС, 405 Nm) 2.130 евра
- Тјунинг на мотор за E 350 d (309 КС, 720 Nm) 2.130 евра
[FAG id=27049]