Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

porsche електрични автомобили

Производителот на спортски автомобили Porsche планира дополнително да заработи шест милијарди евра до 2025 година, заради финансирање на скапата офанзива со електрични автомобили

Porsche ќе ја зголеми својата оперативна добивка до крајот на 2025 година за 6 милијарди евра, за на тој начин да го финансира преориентирањето кон производство на електрични автомобили. Тоа значи дека во периодот меѓу 2018 и 2025 година, Porsche секоја година ќе заработува околу 750 милиони евра повеќе отколку што беше планирано досега.

Porsche Mission E 2, електрични автомобили

За постигнување на таа цел ќе се подобрува ефикасноста, ќе се смалуваат трошоците и ќе се зголемува приходот од новите бизниси, како што се дигиталните услуги. Тоа е неопходно заради задржување на маржата на добивка во висина од 15 проценти, којашто ја одреди концернот Volkswagen.

Клиентите нема да ги плаќаат екстра трошоците за електричните автомобили на Porsche

Преку заштедата, Porsche ќе ги надомести огромните трошоци коишто произлегуваат при развој и производство на електрични автомобили. Производствените трошоци на првиот модел на Porsche кој за погон користи само струја, Taycan, повисоки се за 6.000 до 10.000 евра по возило. Taycan почнува со продажба веќе в година.

https://www.instagram.com/p/Bnbnq4RnVaY/

Преку оваа масивна заштеда, Porsche практично ќе ги ослободи сопствениците на Taycan и на останатите модели од плаќање на дополнителните трошоци.

Тајкун, Таркан, Тајкан: Електричниот Porsche доби име

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

Претходна објаваMercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг
Следна објаваСедиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here