Jaguar Land Rover денес ја отвори фабриката во Нитра, Словачка. Индустрискиот комплекс со површина од 300.000 метри квадратни располага со капацитет за производство на 150.000 автомобили годишно
Во словачката фабрика ќе се произведува Land Rover Discovery. Тоа е прва фабрика во Европа, во којашто се применува системот „Pulse-Carrier“ на специјалистот за роботика Kuka. Предноста е во скусувањето на времето на трансфер на деловите за 30 проценти во споредба со обичните системи. Лакирницата исто така поседува висок степен на автоматизација. Вкупната инвестиција изнесува една милијарда фунти, односно околу 1,4 милијарда евра.
Jaguar Land Rover е прв британски производител на автомобили во Словачка
Jaguar Land Rover во фабриката вработува околу 1.500 лица, од кои 98% се словачки државјани, а околу една третина од персоналот се жени. Наскоро ќе следи втората фаза на регрутирање на локално ниво, во којашто ќе бидат избрани уште 850 лица. Голем дел од компонентите, како седиштата или бандажите, JLR ќе ги набавува во регионот. Ова е прв производствен погон на британски производител на автомобили во Словачка.
Нитра е следниот чекор во стратегијата за глобално ширење на претпријатието, по отворањето на мешовитата компанија во Кина во 2014 година и на бразилската фабрика пред две години. Во Индија се произведува по налог од 2011 година, а од минатата година и во Австрија.
Jaguar патува за Париз со осум генерации на XJ

















