Skoda Fabia во моделска изведба меѓу комби и СУВ

Skoda Fabia Combi Scoutline

Пред два месеци Skoda Fabia имаше моделско освежување, со неколку зафати во дизајнот и техниката. Овие промени сега ги добива и комби-изведбата на Fabia во стил на теренец, со традиционалната куќна ознака Scoutline.

Робусната појава на Skoda Fabia Combi Scoutline ја создава предниот спојлер во мат црна боја, со сребрен завршеток, кој според чешките дизајнери ја нагласува проширената маска по фејслифтот на моделот и сменетата форма на светлата. Во темна боја се изведени и страничните прагови и арките на тркалата. За контраст, ретровизорите и кровните носачи се во сребрена боја. Задниот браник е изведен во истиот стил, стилизиран дифузор во сребрена боја. Во Scoutline стандардно следуваат бандажи од 16 инчи, како опција се испорачуваат бандажи од 17 инчи, во боја на графит.

Skoda Fabia Combi Scoutline 1

Моторите се истите како во комбилимузината и комбито, сите со три цилиндри и зафатнина од еден литар, чисти според Euro 6d-Temp. Старт-стоп е во серискиот обем, заедно со повраток на енергијата при сопирање. Двата TSI-мотора поседуваат и филтер за честички гареж – кој станува стандард кај бензинските мотори со директно впрскување.

Останатите новитети кај Skoda Fabia Combi Scoutline се исти како кај обичните моделски изведби. Внатрешноста е освежена со нови штофови и со нова табла со инструменти. Со доплата може да се добијат диодни предни и задни светла, а системите за асистенција се дополнети со автоматско долго светло, следење на мртвите агли и предупредување дека наидува возило при излегување во рикверц.

Skoda Fabia Combi Scoutline 3

Не недостигаат ниту практичните детали, како двостран под на багажникот, отстранлива рачна светилка што се полни при возење, и најважното, багажник со зафатнина од 530 литри, односно 1.395 литри при соборена задна клупа.

„Теренската“ изведба на Fabia уште отсуствува во македонскиот ценовник, но затоа во него фигурираат сите останати моделски изведби. Со мотор 1.0 TSI со 95 КС од средината на понудата и со основното ниво на опрема Active, новото моделско годиште на Fabia чини 10.940 евра. За комби-изведбата се доплаќа 800 евра.

Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот

Rapid станува Skoda Scala и вози самоуверено во класата на Golf

Шкодо, постои ли нешто што не си произведувала?

Skoda Fabia со нови светла и без дизел мотор во понуда

Претходна објаваNissan Qashqai со бензински мотор од Mercedes A-Class
Следна објаваMercedes S-Class на струја до 50 километри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here