Австралиска убавица ја спасува планетата според филмот на Nissan

Margot Robbie Nissan

Nissan има амбасадорка за електрични возила и одржливост на животната средина. Марго Роби ќе имаше потенцијал да го издигне Nissan до светски шампион во електромобилноста, но тоа е веќе обезбедено. Сé што оваа убава Австралијка има да ни каже околу грижата за животната средина и префрлувањето на енергија од обновливи извори е снимено на видеото на Nissan.

Актерката, продуцентка и претприемачка ни порачува да создадеме „подобар свет за нас и за сите што ќе дојдат по нас.“ Номинирана за Оскар, Марго објаснува дека ја „имаме сета моќ да ја направиме промената.“ Тоа се однесува на податокот дека две третини од светската продукција на нова енергија уште во 2016 година пристигале од ветерни фарми и соларни панели.

Марго Роби, амбасадорката на Nissan: „Не мораме да чекаме другите да го направат тоа за нас“

Не е дека пораките на активистката за заштита на животната средина само ни се чинат поубави: „Сите можеме да направиме нешто различно и не мораме да чекаме другите да го направат тоа за нас.“

Електромобилноста не значи само да се возат електрични автомобили, туку станува збор за комплетно сменета слика, наспроти ерата на бензинот и дизелот. Nissan ги користи старите батерии од електричните автомобили за производство на акумулаторски станици xStorage, коишто нудат најразлични варијанти на примена, секако вклучувајќи и акумулирање на енергија од соларни панели.

Марго присуствуваше и на претставувањето на болидот на Nissan во Формула Е, којшто ќе стартува во следната сезона. Светскиот шампион во електромобилноста во секојдневието лани продал за 28% повеќе електрични возила. Само од Leaf, продадени се повеќе од 320.000 примероци откако првата генерација стартуваше во 2010 година.

[FAG id=32201]

Nissan Qashqai е најбрзиот СУВ во светот: 382,6 km/h

Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

Nissan најавува осум нови електрични модели до 2022 година

Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата

Батериите на Nissan Leaf по пет години „држат“ само 90 километри

Преку вртење педали до попуст за Nissan Leaf

Мадридското такси доби 110 електрични возила Nissan Leaf

Претходна објаваМорало прв да се поседува нов модел: AMG GT Edition 1
Следна објаваUber откри дека софтверот е виновен за кобната незгода во Аризона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here