Nissan планира да постигне годишна продажба од еден милион автомобили со електрифицирана погонска спрега до 2022 година. Производителот на Leaf и e-NV200 смета дека плагин-хибридите се прескапа техологија, па во иднина ќе инвестира единствено во развој на електрични автомобили и во проширување на понудата од модели со хибридниот погон e-Power.
На производителите на автомобили им престојат длабоки промени во моделската понуда, пред стапувањето во сила на значително построгите норми за емисија на штетни материи. Дополнителен проблем за индустријата е тоа што паралелно се воведуваат и новите норми за мерење на потрошувачката на гориво, а тоа значи и на емисијата на штетни материи, коишто прикажуваат вредности блиску до реалноста.
Nissan денес соопшти дека во следните четири години ќе развие осум нови модели со електричен погон. Четири електрични модели се наменети специјално за кинескиот пазар, кадешто јапонската компанија планира да оствари голем пораст во продажбата. Веќе годинава на најголемиот пазар во светот ќе стартува продажбата на специјален електричен модел за Кина, базиран врз актуелниот Nissan Leaf. Останатите модели за Кина ќе се нудат под локални марки.
Меѓу осумте најавени модели на струја спаѓа и кросовер, во стилот на iMx Concept. Покрај овој модел што ќе биде наменет за светскиот пазар, се најавува и модел со погон на струја во категоријата на кеи-автомобилите, коишто се популарни на јапонскиот пазар. Престижната марка Infiniti ќе стартува со продажба на модели со електрифицирана погонска спрега во 2021 година.
Nissan очекува половина од продажбата Европа да отпаѓа на модели со електричен или хибриден погон до 2022 година
Повеќе од половината најавени новитети до 2022 година ќе го користат хибридниот погон на Nissan, којшто се води како e-power. Станува збор за погонско решение во коешто мал бензински мотор работи како генератор и го снабдува погонскиот електромотор со енергија. Овој погон повеќе од две години е достапен во моделот Note за јапонскиот пазар. Според Nissan, ова погонско решение постигнува заштеда од 30% во споредба со класичниот погон. Јапонците одлично го прифатија овој хибриден погон. Note e-Power веќе има достигнато продажба од 129.000 примероци. Две третини од јапонските возачи се решаваат за оваа погонска варијанта на миниванот.
Заедно со партнерите Renault и Mitsubishi, алијансата ќе понуди 17 модели со електрифицирана погонска до 2022 година. Јапонско-француската алијанса очекува продажбата до 2022 година да се зголеми на 14 милиони возила годишно, наспроти 10,6 милиони возила лани.
Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата
Nissan Leaf минува над 400 километри на струја
Nissan Xmotion како стилска вежба за идниот Qashqai
Како работи моторот со променлива компресија на Nissan