за

ФИА ги прикажа новите тркачки болиди во електричната формула

Формула Е генерација 2

Светската автомобилска федерација и Формула Е денес ги објавија првите дигитални слики од следната генерација електрични болиди, со коишто ќе стартува петтата сезона на сé повозбудливата тркачка серија. Новиот болид на струја ќе се појави пред јавноста за првпат на салонот во Женева, на 6-ти март.

Од сезоната 2018/19, во тркачката серија Формула Е ќе возат комплетно нови електрични болиди. Втората генерација на електричната формула ќе се користи во следните три сезони. Новиот изглед ја симболизира новата ера за Формула Е и ги прави електричните болиди поразлични во споредба со Формула 1 и останатите врвни категории во мотоспортот.

FIA Formula E Gen-2 3

Додека болидите од првата генерација поседуваа шасија од Dallara, електромотор од McLaren, батерија од Williams и менувач од Hewland, новата електрична формула е развиена под надлежност на ФИА, со ангажирање на врвни светски конструктори и инженери. Ова е прв случај Светската автомобилска федерација самостојно да развие автомобил. Тркачките тимови самостојно ќе ги произведат компонентите од возилото и од погонската спрега, според спецификациите на Федерацијата.

Формула Е им носи вредни искуства на производителите на електрични автомобили

Капацитетот на батериите е речиси двојно зголемен, со што соодветно се зголемува и досегот на Формула Е. Тимовите од следната сезона ќе можат да извозат цела трка под максимално темпо, без потреба од смена на возилата среде трка. Тоа е придобивка од напредокот во батериската и погонската техника, постигнат за само четири години од стартот на серијата.

Ова се мошне возбудливи времиња за Формула Е. Денес за првпат го прикажуваме дизајнот на болидите од следната генерација и убеден сум дека сите се возбудени од нивниот футуристички и напреден изглед. Горд сум на тоа што ФИА раководеше со развојот на овој автомобил, што е новитет за Федерацијата, а проектот е голем успех Жан Тод, претседател на ФИА

Во актуелната, четврта сезона во Формула Е учествуваат 10 тимови и 20 возачи. Првенството се вози во 10 градови на пет континенти. Првата трка сезонава се возеше во Хонг Конг, на 2-ри и 3-ти декември. Првенството е се попривлечно за големите производители на автомобили. Во петтата сезона пристигаат BMW и Nissan, една година подоцна се приклучуваат Mercedes и Porsche.

[FAG id=30593]

Римскиот Колосеум доживеа и електрична формула

Беспилотни болиди за првпат на трката во Формула Е во Буенос Аирес

Формула Е вози круг побрзо од лимузините во WTCC

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mclaren 12c

Британски осигурители ги објавија најскапите поправки лани

suzuki suzulight

Запознајте го Suzulight, првиот автомобил на Suzuki од 1954