На салонот во Њујорк нема визии или ветувања за иднината, тука се изложува само тоа што по завршувањето на салонот ќе се пресели во салоните на автомобилските марки и на крајот ќе се вози по американските улици. Во тој поглед, собирот на браншата во Менхетен е чиста спротивност со женевскиот салон, кадешто половината од изложените автомобили завршуваат во гаражите на колеционерите или во подрумите кадешто производителите ги чуваат концептните автомобили.
Веста дека Mercedes и BMW уште отсега го откажале своето присуство на салонот во Детроит в година, не морало да се зема толку сериозно. Вниманието на браншата се префрлува на салонот во Њујорк. Таму в година ќе се случува уште поспектакуларно шоу од годинашново.
На Менхетен секогаш имало по некој автомобилски новитет, но салонот остануваше во сенка на собирите на браншата во Детроит, Чикаго или Лос Анџелес. Тоа беше неправедно, затоа што во Њујорк се продаваа повеќе автомобили отколку на кое било друго автошоу во земјата. Не обични, туку скапи автомобили што го полираат имиџот на марките.
Луксузните автомобили учествуваат со 22,7 проценти во продажбата во поширокиот регион на Њујорк, што е речиси двојно повеќе отколку на целата територија на САД
Присуството на американските луксузни марки, како Lincoln, Cadillac, Acura или Genesis, покажува дека шоуто во Њујорк е добро место за ловење клиенти. Секако дека и европските премиум марки не отсуствуваат. Mercedes, Audi, Maserati, Jaguar, сите имаат важен новитет и убедлив штанд за покажување пред публиката.
Во галеријата со фотографии ќе ги најдете најважните новитети од салонот во Њујорк.
По повеќе од една деценија се враќа Lincoln Aviator. Големиот теренец уште се води како концептен автомобил, но веќе во следната година ќе се појави во продажните салони. Премиум марката на Ford го позиционира седумседот Aviator меѓу Nautilus и Navigator.
[/tie_slide]
Производителот ветува и верзија со плагин-хибрид, што би било премиера во Lincoln. Во погонската спрега на хибридот веројатно ќе работи познатиот трилитарски V6 турбо со 400 КС.
[/tie_slide]
Внатре владее луксузна атмосфера, со возачко седиште со местење во 30 насоки и ниво на опрема што се води под Black Label. Мобилниот телефон го заменува клучот, локална мрежа е достапна во кабината. Aviator нема да се продава во Европа.
[/tie_slide]
XT4 е најновиот СУВ-модел во понудата на Cadillac и изгледа како смалена варијанта на XT5. Под хаубата е дволитарски бензинец со 241 КС и 350 њутнметри.
[/tie_slide]
Моделот ќе се појави во салоните во САД наесен, по цена за основниот модел што ќе биде пониска од 30.000 евра.
[/tie_slide]
Ford Fusion веќе го доживува второто моделско освежување, но нејасно е дали промените ќе се случат и кај европскиот близнак Mondeo. Најмногу новитети има во системите за асистенција што стануваат дел од сериската опрема.
[/tie_slide]
Верзијата со плагин-хибриден погон отсега ќе вози до 40 километри на батерии. Промените во изгледот на предниот и задниот дел речиси не се забележуваат.
[/tie_slide]
GMC Sierra е подготвен и за теренско возење. Во верзијата AT4, големиот пикап е подигнат за уште 5 сантиметри од подлогата, поседува редуктор, гуми со груб профил, блокада на задниот диференцијал и заштитни плочи на подот. „Основен“ мотор е 5,3-литарски V8, посилната верзија ја црпи силата од 6,2 литри зафатнина, третата опција е трилитарски дизел.
[/tie_slide]
Новитет кај Cadillac е спортската верзија V-Sport на неодамна освежениот CT6. Погонот е 4,2 литарски битурбо V8 со моќност од 557 КС. Вртежниот момент од 850 њутнметри се пренесува до сите тркала преку нов автоматски менувач со десет степени.
[/tie_slide]
За брзата лимузина да им се приближи на M5 и Е63, подвозјето е дотерано поагресивно, а има и блокада на задниот диференцијал.
[/tie_slide]
Honda го претстави новиот Insight. Лимузината со хибриден погон ја користи платформата од актуелниот Civic, со неколку модификации во насока на подобрување на звучната изолација и возниот комфор. Хаубата е од алуминиум.
[/tie_slide]
Погонот комбинира 1,5-литарски бензинец со еткинсонов режим на работа и електромотор, кои даваат системски 155 КС и вртежен момент од 268 њутнметри. Комплетното производство е во САД, третата генерација на Insight веројатно нема да се продава на европскиот пазар.
[/tie_slide]
Nissan Altima влегува во шестата генерација. Лимузината се повикува на класичните вредности што ги ценат американските возачи, меѓу другото и на богата опрема. Од следната година, Altima ќе може да вози и делумно автономно со помош на системот ProPilot.
[/tie_slide]
Понудата од погонски единици почнува со 2,5-литарски четирицилиндарец со 191 КС. Како замена за шестцилиндарецот пристига дволитарски турбо со 251 КС. Овој мотор не е „кој било“, туку е токму моторот со променлива компресија што Јапонците први го пуштија во сериско производство.
[/tie_slide]
Американската премиум марка на Honda го претстави новиот RDX. Со него ќе продолжи растот на продажбата на Acura. Платформата е нова, со седум сантиметри подолго меѓуоскино растојание и соодветно повеќе место во кабината.
[/tie_slide]
Дволитарец со турбонатполнење и 276 КС работи во комбинација со десетстепен автоматик. Продажбата во САД започнува налето.
[/tie_slide]
Subaru стартува со комплетно нов Forester. „Боксерите“ под хаубата не се менуваат. Таму работи 2,5-литарски бензинец за пазарот во САД, со 182 КС. Во Европа ќе бидат поинтересни бензинците со 150 и 240 КС.
[/tie_slide]
Кабината е попросторна од претходникот. Продажбата во САД ќе започне веќе годинава, додека на европскиот пазар, новиот Forester веројатно ќе биде достапен дури в година.
[/tie_slide]
Новиот Auris ќе биде достапен на пазарот во САД веќе летово, но под моделското име Corolla. Новитет е додавањето втора хибридна верзија, со новиот дволитарски бензинец и системски 180 КС.
[/tie_slide]
Нова генерација на RAV4 доживеа премиера во Њујорк. Кутиестиот изглед потсеќа на концептот FC-AT. Покрај хибридната верзија се нуди и верзија со четирицилиндарски бензинец од 2,5 литри.
[/tie_slide]
Продажбата во САД почнува кон крајот на годинава, автомобилот пристига во Европа во почетокот на 2019 година.
[/tie_slide]
Hyundai го освежи компактниот теренец Tucson. Сменети се предниот и задниот браник, бандажите, нови се диодните светла. Има промени и во моторите. Нов дизел од 1,6 литар испорачува 115 или 133 КС, додека дволитарецот со 186 КС е достапен со нов осумстепен автоматик.
[/tie_slide]
Промените се гледаат повеќе во кабината. Сменет е дизајнот на арматурната табла, а издвоениот средишен дисплеј дава модерна нота. Продажбата на освеженото моделско годиште на Tucson стартува налето.
[/tie_slide]
Hyundai Kona Electric ќе биде достапен на американскиот пазар во последниот квартал од годинава, но во почетокот само во Калифорнија, како сојузна држава којашто предводи во примената на електричниот погон. Батерија од 64 kWh го снабдува електромоторот од 204 КС со енергија за околу 400 километри.
[/tie_slide]
Audi RS5 добива верзија со четири, или поточно со пет врати. Мал проблем може да биде тоа што RS5 Sportback ќе биде достапен само на северноамериканскиот пазар. Мала утеха може да биде тоа што комбито RS4 Avant не се продава таму.
[/tie_slide]
Купе-лимузината со 450 КС сепак ќе биде достапна и на европскиот пазар, но малку подоцна. Битурбо шестцилиндарецот од 2,9 литри и во Sportback ќе работи во комбинација со погон на сите тркала и осумстепен автоматик, но со неколку килограми екстра наспроти класичното купе со две врати.
[/tie_slide]
Maserati Levante Trofeo се придружува на трендот на спортски теренци со лути мотори. Битурбо-V8 од 3,8 литри доби нови турбополначи, брегасти вратила и вентили. Тоа резултира во 590 КС и 730 њутнметри.
[/tie_slide]
Спринтот до сто трае 3,9 секунди, крајната брзина е над 300 km/h. Серија во ограничен број примероци ќе биде достапна на северноамериканскиот пазар од втората половина на годината.
[/tie_slide]
Kia сака да внесе промени во високата класа и го претставува К900. Сите светла работат со диодна техника, дизајнот силно потсеќа на Mercedes.
[/tie_slide]
Хром не смее да недостига, исто како што и во кабината не може да се очекува друго освен кожа и дрво. Голем дисплеј стои на врвот на средишната конзола, ракувањето е преку класичен мулти-контролер. Под хаубата работи V6 од 3,3 или 3,8 литри, односно петлитарски V8 со 425 КС. Европскиот пазар не е интересен за големата Kia.
[/tie_slide]
Престижната марка на Hyundai го прикажува Genesis G70, кој е наменет како закана за серијата 3, C-Class и А4. При развојот се тестирало и на Нирбургринг. Од спортската „опрема“ се присутни блокада на диференцијал, сопирачки Brembo и гуми Michelin Pilot Sport 4.
[/tie_slide]
Американските купувачи ќе избираат меѓу дволитарец со 255 КС и 3,3-литарски V6 со 330 КС. Неколку пазари во Европа ќе добијат примероци од G70 дури кон крајот на следната година.
[/tie_slide]
Volkswagen преку концептот Atlas Tanoak го најавува идниот пикап за американскиот пазар, Основата ја дава платформата MQB, за погон служи 3,6-литарски VR6 со 280 КС. Погонот е на сите тркала, возачот има на располагање и теренска редукција.
[/tie_slide]
По огнометот од новитети во Женева, на Mercedes му останаа доволно светски премиери и за Њујорк. Тука дебитираа освежените моделски годишта на купето и кабриолетот од C-Class. Фејслифтот ги опфати и моделските верзии AMG C43, чијшто трилитарски V6 битурбо сега ослободува 390 КС или за 23 КС повеќе од порано.
[/tie_slide]
Новини има и за AMG C 63, кој ја добива препознатливата панамерикана-маска, заедно со попречни ламели во страничните отвори за воздух. Со тоа одат и нови бандажи со оптимирана аеродинамика и полиран надворешен прстен. Осумцилиндарецот ослободува 476 КС, односно 510 КС во C 63 S. Топ-верзијата на AMG во гамата на C-Class може да се очекува во салоните кон крајот на летото.
[/tie_slide]
Porsche 911 GT3 RS со пакет „Вајсах“ првпат се појавува пред американската публика. Моделската верзија се распознава по карбонската хауба и покрив, магнезиумските бандажи и уште неколку детали од карбон. Специјалниот пакет „Вајсах“ кај GT2 чинеше колку половина Macan. Кај GT3, доплатата веројатно ќе биде уште поскапа.
[/tie_slide]
Четирилитарскиот атмосферски боксер располага со 520 КС. Дополнителните отвори за воздух во хаубата, модифицираниот заден спојлер, задните светла и новите браници се дел од моделското освежување на GT3.
[/tie_slide]
Американскиот теренец на Volkswagen ќе добие и купе-изведба, но тоа ќе се случи дури во 2019 година. Студијата Atlas Cross Sport го покажува изгледот на идниот купе-теренец, кој поради закосената линија на покривот го изгуби третиот ред седишта.
[/tie_slide]
Салонскиот автомобил располага со плагин-хибриден погон, со комбинација на 3,6-литарски VR6 со 280 КС и два електромотора, од кои едниот е задолжен за погон на задната оска. Системската моќ изнесува 360 КС, со полна батерија може да се извозат најмногу 70 километри.
[/tie_slide]
Jaguar F-Pace го доби петлитарскиот V8 со механички компресор и со 550 КС од Jaguar F-Type SVR. Спринтот до сто трае 4,3 секунди, крајната брзина е 283 km/h.
[/tie_slide]
Заедно со моќниот мотор одат спортско подвозје и зајакнати сопирачки. Првите примероци се очекуваат наесен, ценовникот почнува од 110.000 евра.
[/tie_slide]
Genesis Essentia Concept е еден од ретките студиски автомобили во Њујорк и ја прикажува визијата на дизајнерите на престижната марка на Hyundai за спортско купе со електричен погон.
[/tie_slide]
Каросериската структура се базира на карбонски монокок, врз него е поставена стаклена купола.
[/tie_slide]
За ефект, и вратите се отвораат нагоре.
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
По Детроит 2015: Америка, земја на неограничени можности – со евтиниот бензин!
Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка
Еден милион корисници на car2go во Северна Америка
И американските судови се острат против германскиот картел




























































