Bugatti Chiron со нов дом во елитниот Гштад

Швајцарија веќе го има вториот салон на Bugatti изработен според новиот дизајн со којшто хиперексклузивната марка го поздрави пристигањето на Chiron. Салонот во Гштад е еден од најголемите европски салони на Bugatti. Швајцарците досега имаат нарачано преку 10 примероци од Chiron.

Лоциран во Гштад, во центарот на прочуениот планински ресорт во Швајцарија, Bugatti Gstaad е меѓу најголемите европски салони на марката и 13-ти салон на Bugatti низ светот, изработен според новиот дизајн на марката. Bugatti моментно располага со три салони во Швајцарија: Во Женева, во Цирих и во Гштад.

„Како една од луксузните локации на Швајцарските Алпи, Гштад е совршен за салон на Bugatti“, изјави Гај Кoклeн, регионален директор за Европа и Русија. „Тука ја имаме светската клиентела што го цени дискретниот луксуз на традиционалните европски брендови во текот на целата година.“

Од досега добиените преку 200 нарачки за Chiron, над десет се пристигнати од швајцарските клиенти на Bugatti. По традиција, богатата алпска земја е меѓу најважните пазари во Европа, заедно со Германија и Велика Британија. Десет проценти од 450-те произведени примероци од Bugatti Veyron се во сопственост на швајцарски државјани.

Претходна објаваToyota се загрева за 24 Часа Леман
Следна објаваСо RS 245 пристига најсилната Škoda Octavia во историјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here