Откако во минатата година непосредно пред финишот ја пропуштија сигурната победа на 24-часовната трка во Леман, Јапонците се силно мотивирани годинава да се искачат на врвот на пиедесталот. Како подготовка за класичниот маратон, Toyota Gazoo Racing претходно ќе пушти три тркачки прототипи на неколку трки во светското првенство на долги патеки.
На првата трка во новата сезона којашто се одржува на 16-ти април на британскиот Силверстоун, мотоспорт-тимот на Toyota ќе учествува со два болида, додека за шестчасовната трка во белгискиот Спа Франкоршамп на 6-ти мај ќе се придружи и трет болид.
Првиот прототип го носи стартниот број 7, во чест на легендарниот тркачки автомобил Toyota 7. Зад воланот ќе се менуваат шампионот Мајк Конвеј и Камуи Кобајаши, како и Хозе Мариа Лопез. Триесет и три годишниот Аргентинец беше активен во GP2, пред да стартува во светското првенство со туристички возила, кадешто освои три титули.
https://www.facebook.com/automovilismodelrecuerdo1/posts/575712749286170
Кокпитот во вториот Toyota TS050 Hybrid со стартен број 8 ќе им припадне на двата шампиона во сезоната 2014, Себастиен Буеми и Ентони Дејвидсон, кои со истиот стартен број победија пред три години. Возачката тројка ќе ја комплетира Казуки Накаџима, кој е единствен јапонски возач што освои пол-позиција во Леман.
Во третиот прототип, со стартен број 9, ќе вози Стефан Сарацен, којшто е во тимот на Toyota во светското првенство на долги патеки уште од 2012 година. Имињата на останатите два возачи ќе бидат објавени подоцна.
















