Тим од 50 инженери во 40 автомобили извозе 25.000 километри и изврши 80 најразлични тестирања во пустинските предели на југот на Шпанија, кадешто температурите достигнуваат и до 45 степени Целзиусови во сенка. Така изгледаше екстремното летно тестирање на новиот теренец Seat Ateca, во времетраење од три недели, коешто се вбројува меѓу најтешките предизвици со кои мора да се соочи секој автомобил пред неговиот пазарен старт. Но, што всушност се тестира во вакви екстремни услови?
Тест на тракција и контрола при спуштање по надолнина
На надолнини што достигаат и до 35 проценти се тестираат системите што ја контролираат тракцијата, како и контролата на брзината при спуштање по стрмна надолнина. Последниов систем што се води како Hill Descent Control овозможува контролирано спуштање со умерена брзина, без потреба возачот да го притиска гасот, како и автоматско активирање на системот против блокирање на тркалата во услови кога тоа е неопходно.
Тест на контрола на стабилност при влечење приколка
https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/30154956155/in/dateposted-public/
При влечење приколка постои голема опасност возилото да ја изгуби стабилноста. Со овој тест се проверува работата на електронската контрола на стабилноста при влечење приколка.
Проверка на звуци од тропање
Автомобилите се состојат од преку 3.000 делови. Со овој тест се гарантира дека сите компоненти работат во совршена хармонија и не предизвикуваат непријатно звуци за патниците, дури и кога се вози по груба подлога.
Тест на системот за вшмукување воздух
https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/30119966866/in/dateposted-public/
Автомобилот што вози прв во колоната остава голем облак од прав пред останатите возила во колоната, што има за цел да се одреди сервисниот интервал за филтерот за воздух.
Тест возење по чакал
Возилата минуваат 3.000 километри по пат со чакал, заради анализа како чакалот влијае врз целото подвозје, поткрилата и каросеријата, како и врз долната површина на браниците. Целта е да се гарантира дека сите делови ќе издржат во предвидениот период на експлоатација на возилото.
Со речиси едномесечно тестирање и над 80 проверки, Seat Ateca беше тестирана во сите можни конфигурации, за ништо да не се остави на случајност. Благодарение на екстремното тестирање во коешто учествуваат стотици инженери и техничари низ целиот свет, сопствениците можат да возат спокојно по кој било пат. Во меѓувреме, тимот се подготвува за тестирање во екстремни зимски услови.



















