Kia Optima со комплетно моделско семејство: Комби, хибрид и GT

Kia ја комплетираше понудата од моделски изведби во семејството на Optima со комби, верзија со плагин-хибриден погон и спортска верзија GT со 245 КС. Интересот најмногу го привлекува хибридниот модел со 54 „електрични километри“ и потрошувачка од 1,6 литар бензин на сто километри.

Понудата од модели на Kia во средната класа наскоро ќе се прошири и освен во лимузинска изведба, моделот Optima ќе биде достапен и во комби каросериска верзија, исто како и со плагин-хибриден погон и во спортска верзија GT. Новата каросериска верзија во семејството на Optima ќе се појави во европските салони на Kia кон завршетокот на септември, а во исто време ќе стартуваат и нарачките за спортскиот GT и за хибридната изведба.

Kia Optima Plug-In-Hybrid

Комбито со дополнителна ознака Sportwagon располага со каросерија со иста должина како лимузината (4,86 метри), а во багажникот нуди простор со зафатнина меѓу 552 и 1.686 литри. Цената за практичната каросериска изведба, којашто на пазари како германскиот достигнува учество во вкупната продажба на модели во класата до 75 проценти, изнесува околу 900 евра над лимузината. Sportwagon имаше премиера на салонот во Женева во март.

Верзија GT со турбо-245 КС и титула на најбрз модел на Kia на европскиот пазар

За обете каросериски изведби се достапни 1,7-литарски дизел со моќност од 141 КС и дволитарски бензинец, во верзии со 163 КС и со 245 КС. Посилниот бензинец во верзија сотурбонатполнење е основа за спортски ориентираниот модел GT, којшто со крајната брзина од 240 километри на час, на лимузинската Optima ѝ ја обезбедува титулата на најбрз модел во европската понуда на Kia.

Kia Optima GT

Најштедливата варијанта не е дизелот со просечна потрошувачка од 4,2 литри на сто километри, туку новиот плагин-хибрид со системска моќност од 205 КС и вртежен момент од 375 њутнметри. Погонската спрега ја сочинуваат 2,0-литарски бензинец со директно впрскување и 156 КС, електромотор со 68 КС и батерија со капацитет од 9,8 киловатчасови. За преносот на сила се грижи шестстепен автоматски менувач, спринтот до сто трае 9,4 секунди, крајната брзина изнесува 192 km/h.

Optima Plug-in-Hybrid може да извози до 54 километри со полни батерии, по што се активира бензинецот и произлегува нормирана потрошувачка на гориво од само 1,6 литар на сто километри. Во електричен модус, Optima Plug-in-Hybrid постигнува 120 km/h. По цена од 37.490 евра на германскиот пазар, вклучувајќи ја субвенцијата во висина од 3.000 евра, хибридната Optima во почетокот ќе се нуди само во лимузинската верзија, а од следното лето и како комби.

[FAG id=25304]

Претходна објаваСериска гребачка оштетила 1000 автомобили во Грац – и никој не ја спречува
Следна објаваКараван Салон Диселдорф: На кого уште му е потребен недвижен дом?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here