за

Сериска гребачка оштетила 1000 автомобили во Грац – и никој не ја спречува

Австријка оставила „потпис“ на лакот на над 1.000 автомобили во градот Грац. Полицијата и судовите не можат да ја спречат во нејзината гребачка серија, затоа што психијатрите претходно ја прогласиле за непресметлива.

Жителка на австриската покраина Штаерска го изгребала лакот на над 1.000 автомобили во градот Грац. Но, на оваа 35-годишна Австријка не може да ѝ биде изречена казна, затоа што по првата полициска пријава таа е прогласена за непресметлива и според законите во земјата не може да одговара за причинетата штета.

На полицијата и на обвинителството им се врзани рацете. Сериската гребачка може да биде пријавена само доколку изврши кривично дело против животот и телото, по што е потребно да се даде ново стручно мислење во кое што таа ќе биде прогласена за „опасна“.

Кој ќе ја надомести штетата за сопствениците на изгребаните автомобили?

Сопствениците на оштетените автомобили збеснуваат поради неизвесноста дали осигурувањето ќе ги надомести штетите на лакот на над илјада автомобили во случај кога причинителот на штетите е непресметлив. Адвокатката на гребачката од Грац нагласува дека нејзината штитеничка живее во дом и повеќе не располага со материјални средства, затоа што истите се потрошени претходно за подмирување на првата причинета штета.

Неодамнешните измени во австриските закони доведоа до оваа небулоза. Целта на измените беше да се спречи нечие приведување поради извршен чин на вандализам. Претходно, сопствениците на ошетените автомобили ќе добиеја материјално обештетување.

Осигурувањето ќе плати – само при клаузула за „штета од вандализам“

Осигурувањето сепак ќе ја надомести штетата, иако престапничката е непресметлива, но само во случај доколку сопствениците поседуваат целосно или делумно каско осигурување за своите возила – со додаток „штета од вандализам“.

Во меѓувреме надлежните органи се прашуваат зошто на 35-годишната гребачка досега не ѝ е доделено лице за надзор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Суперкамион на Volvo соборува рекорди во серија

Kia Optima со комплетно моделско семејство: Комби, хибрид и GT