Гратчето покрај Нирбургринг и самото заличи на тркачка патека

Намерниците во гратчето Аденау во подножјето на Нирбургринг не можат да превидат дека се наоѓаат во непосредна близина на една од најпознатите тркачки патеки.

Црвената и белата се боите на банкините на Нирбургринг. Во истите бои отсега се бојадисани и рабниците во Аденау. Гратчето во подножјето на Нирбургринг со една необична акција го одбележува соседството со тркачката патека со долга традиција. Покрај рабниците, во знакот на Нирбургринг се и џиновските целни знамиња по целата должина на главната улица во градот, билбордите за заедничката историја и анегдоти поврзани со патеката, како и знамиња со заштитниот грб покрај градскиот пазар.

На 25-ти мај, по улиците во градот се одржуваат и „Тркачките денови на Аденау“, исто така во знак на Нирбургринг. На овој ден, исто како што е традиција во францускиот Леман или белгискиот Спа-Франкоршамп, главните улици низ Аденау се затворени за јавен сообраќај, за по нив да јурат тркачките болиди на 24-часовната трка Нирбургринг.

Историјата на градот стар над 1.000 години е поврзана директно со Нирбургринг. Градоначалникот на тогашната општина Аденау, Ото Кројц, во 1920-те години решил да изгради тркачка патека околу замокот Нирбург, со цел да ги привлече туристите. Светски познатиот Нирбургринг денес привлекува стотици илјади туристи секоја година во планинскиот регион Ајфел, а секако и во гратчето Аденау, коешто стекна светска популарност поради тркачката патека.

Претходна објаваVolkswagen стартува нова генерација бензински мотори TSI evo
Следна објаваПродажбата на BMW i во пад откако менаџерите си заминаа за Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here