На салонот во Токио, марката Nissan ќе прикаже иновативен концепт на градски автомобил кој е осмислен посебно за дигиталната генерација возачи, како визија за мобилноста во иднината.
Растена од мали нозе со дигитални медиуми и преносни електронски уреди, новата генерација млади полека ја достигнува возраста кога ќе смее да седне зад воланот во секојдневниот сообраќај. Производителите на автомобили уште се во неизвесност, дали оваа млада генерација ќе се интересира да вози автомобил? Доколку е заинтересирана, какви автомобили треба да им се понудат на младите возачи?
Nissan бараше одговори на овие прашања и ќе ги претстави на салонот во Токио, преку провокативниот концептен автомобил Teatro for Dayz. Името на концептниот автомобил со кутиеста форма – што по малку потсеќа на дебел iPhone – произлегува од италијанскиот збор Teatro и од мини-автомобилот за јапонскиот пазар Dayz. Концептниот автомобил, според Nissan, ги соединува впечатливиот изглед и потребата на „дигиталната генерација“ да биде постојано поврзана во мрежата.
Освен за погонскиот електромотор, батериите во возилото испорачуваат енергија и за полнење на преносни електронски уреди, како паметни телефони или таблети. Каросеријата и ентериерот што комплетно е изведен во бела боја, служат како огромно проекциски платно. За време на возењето, арматурната табла ги прикажува вообичаените инструменти и информации, за откако возилото ќе запре, таа да асе претвори во огромен екран што реагира на допир. Во потпирачите за глава во предните седишта и во облогите во вратите исто така се вградени дисплеи. Преку нив се остварува пристапот до дигиталниот свет, се користат социјалните мрежи, а може и да се вчита онлајн-игра.
Во кабината е вградена камера што ги испраќа фото и видео содржините директно од возилото, а преку дополнителни дисплеи, патниците можат да комуницираат со минувачите и да ги споделуваат содржините.
















