
Во Ми-Да Гранд Моторс се грижат изборот на купувачот да го претворат во целосно задоволство, преку обезбедувањето беспрекорна сервисна поддршка за возилото. На близу 2.500 метри квадратни под продажниот салон се наоѓа „фабрика“ за услужување на сопствениците на возилата.
Обврската на автомобилските марки кон купувачите не завршува со излегувањето на сопственикот од продажниот салон со нов автомобил. Напротив, тоа е само почетокот. Задоволството на сопственикот на возилото понатаму зависи од сервисната поддршка на марката што ја избрал, не само за своето ново возило, туку и за организацијата којашто ќе се грижи за истото. Овие основни законитости во автомобилскиот бизнис се добро вкоренети во сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс, како официјален сервис на Ford и Volvo за Македонија, којшто ја презема грижата за илјадниците компоненти во автомобилот да функционираат беспрекорно и на тој начин да се обезбеди безгрижно возење. Како што наведуваат од центарот, тој е „вистински сојузник во Вашето возачко искуство“.

Суштината на автомобилот е да ни го олеснува секојдневието и возењето да претставува задоволство. Но, за тоа да се постигне, неопходна е свест кај сопственикот, дека за возилото во секој момент ќе добие соодветна поддршка од сервисниот центар. Досегашната оценка од корисниците на Ford покажува дека Ми-Да Гранд Моторс како овластен и ексклузивен импортер на Ford во Македонија, дваесет години одговара на секој предизвик за подобрување на комуникацијата и услугите кон корисниците. Во ексклузивниот салон на Ми-Да Гранд Моторс може навистина да се почувствува испреплетеност на модерниот дизајн на возилата со квалитетот и професионалноста на персоналот. На самиот влез, посетителот го пречекуваат беспрекорен изглед на продажниот салон, највисоко ниво на организираност и грижа за клиентот.
„Сервисниот центар е инвестиција во задоволството на корисниците“
Но, што се случува два ката под овој префинет изложбен салон? Тука, корпорацијата Ford и Ми-Да Гранд Моторс создаваат нови стандарди во автомобилската индустрија, преку модерен и софистициран сервисен центар за корисниците на Ford и Volvo распространет на 2460 м2. За Ми-Да Гранд Моторс, сервисниот центар е „инвестиција, односно влог во задоволството на корисниците.“ Оваа инвестиција подразбира стручно и едукативно подготвен технички и придружен персонал, магацин со резервни делови во вредност од половина милион евра, 17 дигалки за поправка на возилата, тестер за сопирачки и амортизери, комори за фарбање и припрема, над 500 видови различен уникатен алат за сервисирање на Ford и Volvo, специфичен софтвери за дијагностицирање, како и интегриран систем кој врши дијагностика на системски грешки, детектирање на оштетeни делови и софтверско ажурирање.
Како единствен овластен сервисен центар на Ford и Volvo, сервисниот центар на Ми–Да Гранд Моторс располага со сите оригинални делови за возилата на Ford и на Volvo кои потекнуваат директно од страна на производителите. При секоја поправка или замена на дел, центарот им го враќа стариот заменет дел на своите клиенти, заедно со извештајот за извршениот сервис, како потврда за квалитетот на услугата.

Одржувањето на возилото е предуслов за безбедност во сообраќајот, но исто така и за техничката исправност на возилото. Нашите „доктори“ се компетентни за сите области на одржување на вашиот Форд и сите негови витални делови. За нивната спремност сведочат и многубројните награди добиени на Европско и Светско ниво. Тие ќе ја зачуваат и одржуваат кондицијата на вашето возило како од првиот ден. Поради тоа што сме сигурни во нашиот квалитет, обученоста и стручноста на нашиот персонал, оригиналноста на деловите и адекватноста на опремата со која работиме, даваме гаранција и за заменетите нови делови. Едноставно, добивате сервис за вашиот Форд којшто вреди многу повеќе отколку што чини. Нема поголема сигурност за извршениот сервис од гаранцијата дека зад него стои Форд како корпорација. За тоа дека сервисот на Ми-Да Гранд Моторс има голем капацитет и можности, може да се уверите само преку лично искуство“ –вели Зоран Атанасовски, директор на постпродажба во Ми-Да Гранд Моторс.
[quote_box_right]
Имате Ford и имате прашања?
На располагање Ви се техничките лица од официјалниот сервис на Ford кои може да ги прашате за што било поврзано со Вашиот Ford автомобил:
http://facebook.com/FordDoktor
http://facebook.com/MidaMotors
http://twitter.com/midagrandmotors
[/quote_box_right]
Подготвеноста на Ми–Да Гранд Моторс секогаш да излезе в пресрет на корисниците се огледува и во нивниот модерен електронски пристап кон грижата на своите клиенти. Онлајн апликација „Мој Сервис“ е достапна на официјалната интернет страна на ФОРД за Македонија и служи за едноставно закажување термин за сервисирање. Употребата на апликацијата исто така е мошне едноставна. Со пополнување на податоци за моделот на автомобилот, годината на производство, видот на мотор и саканото време може да се резервира термин за сервис. На крај следува телефонска комуникација со одделот за грижа на корисници на Ми-Да, за потврда на резервацијата. „Како корисник на Ford, Ваше е само да го донесете возилото во Ми-Да Гранд Моторс, а потоа комфорно може да уживате во Вашето кафе и опуштено да размислувате за Вашата следна дестинација“, наведуваат од компанијата. Потоа автомобилот пристига свежо измиен и подготвен за продолжување на возењето. Секој клиент станува партнер на Ми-Да Гранд Моторс, со заедничка цел, возилото да функционира добро и сигурно.
Синиот овал на Ford возилата се користи уште од 1907 година. Логото на Ford беше обновено за последен пат во 2003 година, во чест на одбележувањето на стогодишнината на Ford. Ми-Да Гранд Моторс на сите корисници на Ford на чиешто возило е оштетен знакот им овозможува бесплатна замена на знакот во сервисниот центар. Ford автомобилите поседуваат 2-годишна фабричка гаранција и допонителна 3-годишна гаранција за патничките возила. За време на фабричката гаранција следува 24-часовна поддршка на пат низ цела Европа. Сите возила на Ford посаедуваат 12-годишна гаранција против корозија на каросеријата.















