Спектакуларно одбележување на 20-годишнината на Ford во Македонија

Возбудлив перформанс, премиера на Mondeo и многу гости од јавниот живот беа дел од вечерта со која што „Ми-Да Гранд Моторс“ го одбележа 20-годишното присуство на Ford во Македонија.

Во репрезентативниот салон во Скопје, компанијата „Ми-Да Гранд Моторс“ потсети на контуинираниот развој, од скромните почетоци во 90-тите години, до актуелната позиција во врвот на автомобилскиот бизнис во земјава. „Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие што припаѓа на значајна регионална групација, е подвиг што, веруваме, заслужува почит. Од стартот до денес ’Ми-Да Гранд Моторс’ продаде над 10.000 нови патнички и товарни возила Ford, создаде мрежа од 430 флотни клиенти, меѓу кои се 15 општини, пет министерства, 15 амбасади и десет јавни претпријатија“, истакна Марјан Миновски, основач на Ми-Да и сегашен косопственик на „Ми-Да Гранд Моторс“.

PFZ_1799

Компанијата оствари голем скок напред кога во 2012 година се засили со капиталот и со искуството на „Гранд аутомотив груп“ што функционира во рамки на израелскиот холдинг „Тавура“. Со нивна помош „Ми-Да“ стана дел од една широка мрежа во регионот чија цел е подигнување на нивото на услуги, унапредување на бизнисот и поефикасното задоволување на потребите на купувачите. Потврда дека компанијата веќе посветено работи на следните чекори од својот развој дојде со презентацијата на новото Mondeo. Токму на прославата на 20-годишнината на Ford во Македонија, моделот за првпат беше претставен во земјава, а воедно беше и меѓу првите промоции во Европа.

PFZ_1871

„Новото Mondeo има широка палета паметни технологии. Произведено е во целосно нова фабрика, а за неговата изработка се применети сосема нови процеси на производство. Дизајнот е фантастичен и зголемено е нивото на крајна доработка, односно употреба на материјали и финеси. Секако дека ова не е сè, новото Ford Mondeo нуди уште многу повеќе и затоа сме убедени дека ќе ја освои јавноста и – ќе го осветли патот“, изјави Дритон Заири, генерален директор на „Ми-Да Гранд Моторс“.

Претходна објаваNissan очекува рекордна продажба на електричниот Leaf во 2015
Следна објаваСмрзнувачко возење за сопствениците на Aston Martin

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here